Бајден: Убиениот водач на ИСИС си го крена во воздух сопственото семејство

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека американската војска го убила водач на ИСИС Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши во антитерористички напад во Сирија.

Станува збор за наследникот на Абу Бакр ал Багдади, кој беше убиен во слична операција во 2019 година.

„Американските специјални сили успешно спроведоа антитерористичка мисија во северозападна Сирија во средата навечер, елиминирајќи го лидерот на ИСИС Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши“, се вели во соопштението на Џо Бајден што го објави Белата куќа.

Во нападот загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои шест деца и четири жени. Бомбата во која загинаа цивили била активирана од водачот на ИСИС, соопштија американските власти. Ова го потврди и американскиот претседател Џо Бајден при обраќањето до јавноста од Белата куќа.

Фотографиите од куќата нападната од Американците покажуваат дека третиот кат од куќата е целосно урнат. Според Бајден и американски официјални лица, бомбата што го разнела третиот кат од куќата била активирана од самиот водач на ИСИС, при што загинал тој и си го убил сопственото семејство.

Кој беше убиениот водач на ИСИС?

Абу Ибрахим ал-Хашеми ал Курајши ја водеше ИД по смртта на нејзиниот основач Абу Бакр ал-Багдади, кој исто така беше убиен со активирање експлозив за време на операцијата на САД во 2019 година. Курајши беше многу таинствен откако го наследи Багдади кој ја водеше групата во височина на самопрогласениот калифат.огромни области на Сирија и Ирак под кои се наоѓале милиони луѓе.

По поразите на бојното поле пред речиси три години, ИД изврши герилски напади во Ирак и Сирија. Бројни џихадистички групи поврзани со Ал Каеда дејствуваат во северозападна Сирија, последното големо упориште на бунтовниците против претседателот Башар ал Асад во десетгодишната граѓанска војна. Таму се кријат и лидерите на ИД.

Објавено видео од акцијата

Хонорарниот новинар и активист Муса ал Хасан, кој ги следи конфликтите во Сирија, објави видео снимено во Атмех недалеку од куќата во која се криел лидерот на ИСИС.

На снимката јасно се гледа пукањето кое се случило кога Американците ја опколиле куќата во која се криел наследникот на Абу Бакр ал Багдади.

URL
Што рече Бајден за акцијата?

„Благодарение на храброста на нашите војници, овој страшен терористички лидер повеќе го нема. Му наложив на Министерството за одбрана да ги преземе сите мерки за да избегне цивилни жртви. Намерно испративме специјални сили и не употребивме напади со беспилотни летала за да избегнеме цивилни жртви. Терористот решил да го крене целиот трет кат во воздух, земајќи со себе повеќе членови од своето семејство, исто како и неговиот претходник“, рече Бајден.

„Засекогаш ќе им бидеме благодарни на нашите војници и членовите на нивните семејства“, додаде Бајден.

URL

„Оваа операција сведочи за американскиот дострел и посветеност да ги уништи терористите каде и да се во светот. Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери во Сирија и Ирак и со курдските пешмерга борци“, додаде Бајден.

„Оваа операција испрати силна порака до сите терористи ширум светот – ќе ве следиме и ќе ве најдеме“, рече Бајден.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Свет

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Read more

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Read more

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи да го земе Гренланд, НАТО ќе ги изгуби своите вредности

Read more
 

Вести

Исмаил: Ако државата има „обезбедено“ пари за лекување, зошто граѓаните молат за донации?

Читај повеќе

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Уапсен водач на „балканскиот нарко картел“

Читај повеќе

Лавров: ЕУ сака Србија да биде тампон-зона против Русија

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C

Читај повеќе

По 7 месеци пауза Вардариште повторно гори, велат од Стоп за Вардариште

Читај повеќе

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Читај повеќе

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Читај повеќе