„Балканскиот Ескобар“ Клемент Балили конечно зад решетки

По двегодишно бегство денеска во Полицискиот комесаријат во Тирана се предаде Клемент Балили, инаку познат како „балкански Ескобар” и „барон на дрогата”.

Тој се предал во придружба на неговиот адвокат, во време кога Обинителството за тешки кривични дела до судот достави досие од истрагата за најмалку четири кривични дела, едно од нив  „меѓународна трговија со дрога“.

Без оглед на тоа дека сам се предал, полицијата тврди дека 46-годишниот Балили не можел повеќе да го избегне притисокот на полицијата која се повеќе му се приближувала, посебно последните два месеца во градот Деливна, каде се криел.

-Албанската полиција ја финализираше акцијата, оценета како повеќе од значајна, за апсење на Клемент Балили, по една оперативно-прислушуван процес,во соработка со тајните служби  и нашите партнери. Од денска албанското правосудство го зема во раце еден од најбараните личности во Албанија, со што граѓаните и нашите партнери не добиваат само значајна вест, туку многу јасен сигнал за Албанја што ја сакаме, изјави албанскиот прв полицаец Сандер Леши.

Обвинителството соопшти дека ќе бара притвор за Балили.

Премиерот Еди Рама експресно преку социјалните мрежи го поздрави апсењето на Балили, оценувајќи го како голем чекор во борбата против организираниот криминал. Тој ги пофали министерот, генералниот директор и полицијата.

Претседателот Илир Мета го поздрави приведувањето на Балили, човек „со многу проблеми со законот“. Мета при оваа прилика се заблагодари на домашнте служби, но и меѓународните партнери за „сеопфатниот притисок за постигнување на овој резултат“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе