Крадец влегол во куќа во село Текија, па откако не успеал да најде пари, го тепал газдата, му ги зел клучевите од автомобилот и со него заминал.
Ноќеска околу 1.30 часот во село Текија непознат сторител извршил разбојништво над И.К. при што му одзел автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки.
Сторителот дошол на адресата каде што живее И.К. и со закана по живот и со употреба на физичка сила му барал пари.
Но кога бил одбиен, од џебот насилно му го одзел клучот од автомобилот, влегол во возилото и заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.