Бектеши: Од среда сите производи што ќе имаат намалена цена ќе бидат со ознака

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека сите анализи за поевтинување на производите се направени. Појасни дека идејата е производите што ќе бидат опфатени со мерката да бидат обележани за граѓаните полесно да ги препознаат.

Владата утре на седница ќе ја утврди листата на производи што од среда ќе се продаваат по намалена, гарантирана цена, и тие не ќе смеат да поскапат до 30 ноември. Станува збор за 25 категории и над 50 производи од пекарската, месната, млечната и од кондиторската индустрија, кои во маркетите ќе се продаваат со ознака, а ќе чинат колку што се продавале на 1 август и дополнително на тоа, намалени за минус 10%, истакна Бектеши.

Владата ги повикува компаниите, како што рече тој, до среда сами да предложат цени на артикли што би се намалиле 10%.

Од среда Пазарниот инспекторат ќе ги контролира трговците, а на располагање, како што рече Бектеши, ќе има и нова мерка, односно ќе може да се изрече и забрана за работење, а не како претходно глоба.

„Ги повикувам производителите и дистрибутерите што не се наоѓаат на листата доброволно да се пријават за намалување на цените, односно да не се почувствуваат дискриминирани, да се пријават нивните производи да имаат ознака ‘гарантирана цена’. Јас утре ќе имам разговори со производителите и дистрибутерите на алкохолни и безалкохолни пијалаци и чекам позитивен одговор за да се намалат и нивните цени до 30 ноември. Има интерес од одредени компании во вакво кризно време да станат општествено одговорни компании и да им излезат во пресрет на граѓаните“, изјави Бектеши и најави казни за злоупотреби во согласност со Законот за трговијата и Законот за потрошувачите.

Најави и измени во делот на акциите што може да ги прават маркетите. Тој објасни дека ќе бидат дозволени акции на производи заради уште пониски цени од гарантираната. Но, ако има акција поради истек на рокот на некој производ, тоа јасно мора да им биде нагласено на потрошувачите за да не бидат доведени во заблуда.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more
 

Вести

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе