Белгиец разоткри македонска мрежа на креатори на лажни вести

Брисел, 20 јануари 2019 (МИА) – Белгискиот „ловец на лажни вести“, Мартен Схенк, успеал да разоткрие мрежа на македонски граѓани кои шират лажни вести, и не станува збор за тинејџери од Велес, јавува дописничката на МИА во Брисел.

Мартен Схенк и вебсајтот „Nieuwscheckers.nl“ со месеци веќе трагаат по македонските мрежи на лажни вести кои се ппрославија“ за време на претседателската кампања во САД.

Светските медиуми беа тогаш преплавени со стории за македонски тинејџери од Велес кои пишувале лажни вести фокусирани на напади врз кандидатката Хилари Клинтон и Демократската Партија. Но, никогаш не се откри кој, дали и на кој начин стои зад нив.

Но, според Схенк, велешката линија не е воопшто во центарот на оваа мрежа.

Според неговите истражувања, кои денеска се на првите страници на сите белгиски медиуми, централна фигура на овој бизнис е припадник на АРМ, Слаѓан „Цаго“ Бојковски од Куманово. Бојковски тврди дека не е повеќе вработен во Армијата, но Схенк не успеал тоа да го потврди и сѐ уште вели дека има сомнеж.

Истражувањата на Белгиецот откриваат дека мрежата на Бојковски со години веќе креира лажни и бомбастични содржини на интернет кои започнале со стории за мотори и голи гради, но тоа не им носело доволно пари, објаснува Схенк. Па, така, набргу, Бојковски и неговите соработници се свртиле кон стории против муслиманите и разни теории на заговор, за педофилија и, се разбира, во полза на Доналд Трамп. Со една лажна вест заработувале околу сто евра дневно.

Схенк разработил софтвер наречен „Trendolizer“, преку кој може да следи кои стории на интернет стануваат вирални. Ако утврди дека сторијата е лажна вест, тој преминува на проверка на факти на неговиот вебсајт „Leadstories“. Благодарение на софтверот Схенк потоа разгледува од кој сервер се објавени вестите и најчесто успева да открие чии се серверите. Така тој лани разоткрил мрежа на лажни вести од Гана.

Македонската мрежа била и семеен бизнис. Со Бојковски работела и неговата сопруга, Наташа, чија слика може да се најде на лажни профили на Twitter како оној на некоја „Moly Anderson“ како што покажуваат принт-скриновите на Схенк. Преку неговиот софтвер, Белгиецот успеал да најде десетици профили кои ги споделувале истите лажни вести на интернет во исто време. Имињата на лажните профили се најчесто американски имиња како Џесика, Ема, Моли, Џони и повеќето од нив се сега веќе суспендирани. Суспендирани се и вебсајтовите на кои се објавувале лажните вести, како tapainfo.com или twtrinfo.com. Фотографиите употребени на профилите биле најчесто од балкански ѕвезди како Станија Доброевиќ или Викторија Лоба.

Слаѓан Бојковски на Twitter го користел својот прекар „Цаго“, со локација во Чикаго, и објавувал „микс на лажни и автентични вести“ објаснува Схенк. Овој налог во меѓувреме е суспендиран од Twitter.

Со Бојковски соработувале и негови пријатели од Куманово како Тони и Мирјана Ристески, кои имале вебсајт наречен unisharenews.com, регистриран под името на Тони и чии линкови се објавувале на Facebook страници во поддршка на Доналд Трамп. Друг соработник на Бојковски, според истражувањето, бил Виктор Колевски, на чиј налог на LinkedIn стои дека е полициски инспектор. Схенк стапил во контакт со кумановецот, кој му рекол дека повеќе не работи за полицијата.

Последен пат е објавена лажна сторија на 3 јануари 2019 од страна на Јony Smith, „познат двоец на Слаѓан Бојковски“, пишува Схенк. Смит постирал сторија од вебсајтот ludinfo24.com во Facebook групата „Judge Jeanine Pirro Fans“ која брои 53 илјади поддржувачи. Една минута подоцна, Ema Brown, го постира истиот линк во групата Deplorables for Trump и следнатта минута Lisa Sanders исто така го објавува во друга група, блиска до австралиска националистичка политичарка, Полин Хенсон. Ема Браун и Лиса Сандерс се исто така налози кои му припаѓаат на Бојковски, тврди Схенк. Ема има слика од пејачката Александра Пријовиќ, а Лиса ја користи Лоба на својата профилна.

Схенк истакнува дека најголем дел од овој бизнис е префрлен на Twitter, бидејќи мерките на Facebook за суспензија на лажни профили дава резултати.

Схенк успеал, меѓу другото, со својот софтвер да разоткрие 450 лажни женски Twitter налози кои се појавиле од ноември 2018. Меѓу нив, некои 90 носат име Џесика и успеале да соберат над 33 илјади следачи на социјалната мрежа. Twitter засега суспендирал само десет од овие лажни налози, вели Схенк.

Белгиецот го исконтактирал Бојковски пред да го објави истражувањето. Кумановецот прво негирал, но потоа рекол дека „сите во Македонија секако тоа го прават“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе