Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му подарил на рускиот претседател Владимир Путин рачно изработена постелнина, на која е испечатена новинарска фотографија од нив двајца како срдечно се ракуваат, додека во позадина се прикажани туристичките атракции на Русија и Италија.
Берлускони уште во саботата отпатувал во Русија за да му го врачи на Путин овој специјален пподарок, по повод неговиот 65 роденден.
Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање како реагирал Путин кога го примил овој подарок, истакнал дека ништо не знае околу реакцијата на претседателот поврзана со подарокот.
Путин и Берлускони негуваат долгогодишно пријателство, а прв пат се сретнале на самитот Г8 2001 година во Женева и од тогаш многу пати се среќавале на бројни официјални настани, на кои покажувале меѓусебна почит, но и почит кон земјите од кои доаѓаат.