Берлускони пред 16 години предвиде: Арапските пари ќе владеат со фудбалот

Поранешниот италијански премиер и легендарен сопственик на Милан, Силвио Берлускони, кој почина пред две недели, пред 16 години видел во кој правец се движи светскиот фудбал.

Ова може да се види во извадок од неговото интервју од 2007 годинa.

Во разговор за La7, Берлускони уште тогаш прогнозирал дека италијанскиот фудбал ќе заостане зад Премиер лигата, а го предвидел и тоа на што сме сведоци денес, дека големите пари ќе доаѓаат од Саудиска Арабија.

„Ја гледам Серија А како сѐ посиромашна и посиромашна. Сега сме на врвот, но за 15 години ќе бидеме само еден мал супермаркет за играчи. Англиската Премиер лига ќе биде број 1 и сите останати ќе бидат зад нив. Немаме средства да се бориме со нив. Тогаш Арапите ќе влезат во фудбалот и веќе никому нема да бидеме привлечни. Немаме инфраструктура и нови стадиони. Заостанавме 30 години. Дали знаевте дека Арапите градат цели градови во пустина? Дефинитивно ќе влезат во фудбалот бидејќи тоа е најголемиот бизнис кој ти дава публицитет. Што нудиме ние?

Ако владата не даде поддршка, ние ќе бидеме трет ешалон. Во Англија, малите деца се охрабруваат да играат фудбал, а владата обезбедува средства за фудбалските академии. Тоа го прават и во Германија. Во Италија стоиме во место. Кога зборувам за овие работи, луѓето мислат дека сум луд. Гледам во иднината и искрен сум со сите вас. И иднината на италијанското првенство е многу мрачна“, изјавил тогаш Берлускони.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе