Беровец лажел дека е киднапиран и изнудил 10.000 евра од татко му

На 15.01.2021 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово го лишија од слобода М.П.(29) од с.Будинарци, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“. Тој во текот на вчерашниот ден самоволно измислил и фингирал сопствено наводно грабнување, за кое изјавил дека го сторил од финансиски причини.

Неговиот татко Д.П.(57) вчера околу 18:00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил СМС-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало изнуда од 10.000 евра за да биде пуштен неговиот син.

Според пријавеното, порака со слична содржина на Messenger добила и неговата снаа М.П. Во координација со Јавен обвинител и во соработка со полициски службеници од СВР Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани Љ.П., брат на пријавениот и М.П., сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.

Малку подоцна Д.П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М.П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, при што го признал делото, а предметните парични средства биле пронајдени и вратени на неговиот татко.

По целосно комплетирање и документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Кочани ќе биде изготвен и доставен поднесок по чл.258 од Кривичниот законик – „изнуда“.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Хроника

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Read more

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Read more

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе