БЕСА на Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите влегуваат во Владата

Скопје, 15 мај 2018 (МИА) - Нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

- Имаме постигнато договор со БЕСА на пратеникот Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, кој делуваше независно во изминативе месеци, изјави премиерот Зоран Заев  по денешното судење за „Поткуп“.

Тој додаде дека Бајрам нема да добие министерски места, туку други позиции.

Заев рече дека продолжуваат разговорите и со други субјекти, но не сакаше да споменува имиња бидејќи за тоа треба да одлучуваат органите и телата на политичките партии.

- Штом тоа ќе биде готово ќе се соопшти веројатно од самите партии кои ги номинираат кандидатите. Јас разговарав за кандидатите и мене ми е важно за какви личности се работи на што посветувам сериозно внимание, рече Заев.

Во контекст на тоа посочи дека до крајот на неделата ќе ги формализира и ќе ги достави предлозите до Собранието.

- При крајот на мај со новиот владин состав ќе разговараме за подолните ешалони, за директорски, заменички директорски места, подрачни единици и слично во функција на преземање на одговорноста на сите сегашни и нови партиципиенти на власта, истакна Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека Мендух Тачи нема да биде член на Владата.

-  Доверба е релативна работа, јас зборувам за имиња и презимиња кои ќе учествуваат во Владата. Тоа е призмата низ која се обидуваме да разговараме. Можам само да кажам дека Мендух Тачи нема да биде член на Владата, рече Заев.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе