Бесими: Со комплетираниот состав на Владата подготвени сме за издавање еврообврзница

Кога веќе имаме комплетиран состав на Владата, како што веќе најавив јавно, подготвени сме на повторно издавање еврообврзница со тие услови што ќе важат на пазарот, но со најсоодветна процедура, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими, кој учествува на панелот „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност“ во рамки на Економскиот форум - Скопје, истакна дека кредибилноста на политиките дава простор повторно да има соодветна побарувачка за нашите хартии од вредност.

- Кредибилноста на политиките дава простор повторно да има соодветна побарувачка за нашите хартии од вредност, односно инвестиции во нашите еврообврзници за кои фискалниот простор е детерминиран. Вкупно 480 милиони евра треба да имаме во првата половина од годината за да ги реализираме овие исплати, а според сите информации и комуникации со инвеститорите, имаме добра позиција на пазарот тоа да го обезбедиме, напомена министерот.

Според него, во услови на последователни кризи, какви што се актуелните во глобални рамки, клучно е политиките да бидат конзистентни, предвиливи, јасни и таргетирани, а фокусот треба да се стави на намалување на трошоците, како и на намалување на ударите врз стопанството и стандардот на граѓаните.

Земјава, подвлече Бесими, мора да даде јасни сигнали дека е цврсто определена да води макроекономски и фискални политики кои ќе значат фискална консолидација, дека оди таргетирано, адресирајќи ги најпогодените, како и дека е во постојано комуникација со засегнатите страни.

Останува определбата, дополни Бесими, преку соодветни програми да се привлечат домашни и странски инвеститори.

-Треба да се водат конзистентни политики, добро да се комуницираат, а мерките што се предлагаат да се направат инклузивно со поинтензивна комуникација со бизнис секторот и другите засегнати чинители. Мерките мора да бидат таргетирани зашто изворите на финансирање ги има се помалку и се се поскапи. Ако во овие околности сме ефектуирани а не можеме да ги менуваме насоките, може да се фокусираме на намалување на трошоци што поефикасно. Неопходна е и јасна порака до инвеститорите, дека водиме политика на фискална консолидација, конзистентни политики и комуникација со сите чинители за дизајнирање таргетирани политики, потенцира министерот.

Втор Скопски Економски Форум

Втор Скопски Економски Форум

Posted by MИА.mk on Wednesday, March 1, 2023
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе