Бислимоски: Можно е намалување на актуелните цени на струјата во април 2022

Намалување на цените на електричната енергија може да се очекува од втората половина на април следната година, но тоа намалување е во однос на денешните, поскапени цени, а не во однос на цените од минатата година, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина претседателот на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, кој за време на претседавањето на 50-тиот Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржува во Атина, по втор пат беше избран за претседател на Бордот.

Бислимоски го изразува неговото задоволство што Регулаторната комисија за енергетика, по втор пат има претседтаел кој ќе претседава со бордот на регулаторни тела „што претставува признание и за работата на нашата институција“ и потсетува дека пред само неколку дена РКЕ стана набљудувач во Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ (ACER), што всушност е тело на европските регулаторни тела, формирани од Европската Комисија.

-Така што реално сме Регулаторна комисија за енергетика која што е рамо до рамо со сите регулаторни тела од Европската Унија, истакнува Бислимоски и додава дека во ACER, од регионот, право на набљудувач имаат само црнгорското регулаторно тело и од пред неколу дена и македонското регулаторно тело.

На денешниот состанок во Атина, освен избор на нов претседавач, фокусот бил ставен на актуелната енергетска криза, нешто што ќе биде и главното прашање за новиот Борд на регулатори на Енергетската заедница.

-На овој состанок, најмногу сме фокусирани на енергетската криза, која што е во голем дел ценовна криза, а и во одредени земји веќе е криза која што се однесува на сигурноста во снабдувањето и со електирчна енергија и со природен гас. Покрај претставници од регулаторните тела од земјите од регионот, на состанокот имаме и претставници од Европската Комисија, а исто така  и престставник од ACER од регулаторите на Европската Унија, кои веќе ни ги споделуваат нивните искуства и нивните препораки кои се издадени кон сите земји членки. Она што особено ме радува е дека тие препораки, во најголем дел веќе се имплементирани во нашата земја, но и во останатите земји, како на пример, намалување на ДДВ, помош за ранливи категории на потрошувачи и слично, објаснува претседателот на РКЕ.

Со оглед на тоа што на состанокот освен земјите од регионалната Енергетската заедница, учествуваат и претставници на ЕК, во разгворот за МИА, Бислимоски открива кои се сценаријата за крајот на енергетската криза.

-Нашите пријатели од Европската Комисија кажаа дека во Европа повеќе не се кажува до кога ќе трае енергетската криза, бидејќи што и да кажале во изминатиот период било промашено како датум. Посоти гледање дека намалувањето на цените може да се очекува од втората половина на месец април, па понатака. Но, тоа намалување, да знаеме сите, значи намалување во однос на сегашните цени, во однос на драстичното поскапување, објаснува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

Посочува дека во однос на минатата година тоа подразбира цени за најмалку два пати повисоки отколку што ги имавме во првиот дел од годинава.

-Тоа намалување е, да не биде 220-230 евра, туку да падне на 110 -120 евра. За такво намалување станува збор, но тоа 110-120 евра за мегават час што го нарекуваме намалување, всушност претставува зголемување во однос на минатата година за повеќе од двапати, за жал. Но, верувам дека сега ќе ги чуеме и искуствата од другите земји, а во некои од нив, сигурно ќе бидат вклучени и Владите со цел да се стабилизира колку што може ситуацијата во енергетскиот сектор, истакнува Бислимоски.

Додава дека по завршувањето на состанокот во Атина, како Борд на регулаторни тела ќе излезат со заеднички заклучоци, „кои пред сè ќе се базираат на солидарност и меѓусебната поддршка“, но и дека е можно да има барање да се вклучат и владите „со цел да го помогнат влијанието во оваа енергетска криза“.

-Ние не можеме да бидеме изолирани, да кажеме ќе немаме никакви промени кога драстично се зголемени трошоците, но ќе побараме сите чинители во енергетскиот сектор да бидат солидарни и да бидат вклучени и владите во земјите членки на Енергетската заедница со цел да се намали оваа енергетска криза, додава Бислимоски за МИА.

Анализирајќи ја ситуацијата во регинот, вели дека особено е лоша ситуацијата кај земјите што се увознички на електрична енергија и природен гас, а тоа се Северна Македонија,  Молдавија, Косово, во одреден дел и Црна Гора зашто цените се драстично зголемени.

Од друга страна вели дека во Босна и Херцеговина ситуацијата е порелаксирана, бидејќи се извозници, особено на електрична енергија, додека во Украина ситуацијата, како и претходно е малку нестабилна, бидејќи,  како што вели, имаат проблеми со домашното производство на јаглен.

За Србија, коментира дека ситуацијата е неутрална, бидејќи во најголем дел, своите потреби од електрична енергија ги обезбедуваат од сопствено производство, но вообичаено во зимскиот период увезувааат, па, како што посочува, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата и во Србија.

Во декември 2019 година, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), едногласно беше избран за претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница на тогашниот редовен состанок, а денеска доби нов, двегодишниот мандат.

Дел од Енергетската заедница, освен Северна Македонија се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе