Битиќи: Нема еднострани мерки, заеднички ќе креираме политики кои значат развој

Зачувување на работните места и креирање на нови можности за граѓаните, создавање на развојна и одржлива економија која носи предвидливост, намалување на сиромаштијата под 16 проценти, едноцифрен број на невработеноста и економски раст од четири проценти, се дел од приоритетите на кои ќе работи економскиот тим на Владата раководен од вицепремиерот Фатмир Битиќи.

На денешната прес-конферениција на која го презентираше мандатното писмо со кое го задолжил премиерот, Битиќи рече дека во следните четири години продолжува борбата за секое работно место и за креирањето на нови работни места со што ќе се отворат нови можности за граѓаните. Ги повика сите чинители на општеството – синдикатите, коморите и експертите заеднички да работат на креирање на платформа за економски развој на државата со која ќе се обезбеди подобар живот за сите граѓани.

– Нема еднострани чекори и мерки, туку заеднички чекори. Сите заедно ќе разговараме како може да се најдат мерки и да се креираат политики кои значат развој. Тоа нека биде повик денеска, а тоа го покажавме и досега со посетите на коморите и синдикатите, дека сакаме заедно да најдеме решенија. На крајот на денот, јас сакам да им служам на граѓаните и граѓаните да бидат консултирани за носењето на одлуките. Овие четири години заедно ќе ја градиме државата и ќе се бориме да покажеме колку си ја сакаме оваа држава, рече Битиќи.

Со цел навремено и транспарентно реализирање на буџетските расходи ќе се формира централна единица за поддршка на јавните инвестиции на владино ниво кое ќе обезбеди експертиза за реализација на капиталните инвестиции.

Вицепремиерот за економски прашања во четиригодишниот мандат најави и борба со сивата економија, развој на иновативни и нови технологии, дигитализација на општеството и прераснување на државата во регионален старт апт центар.

– Преку мојата координативна улога на економските ресори посветено ќе работам на трансформација на нашето општество во едно општество за сите во кое борбата со сиромаштијата и кризата ќе е заедничка и на сите јазици, во кои сите ќе гледаме кон зелената дигитална самоодржлива иднина без да се занимаваме со старите деструктивни однесувања кои не разделуваат, порача Битиќи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе