Бизарно видео во кое Газпром ѝ се заканува на Европа: Зимата ќе биде долга

Руски Газпром објави видео во кое ѝ се заканува на Европа со недостиг на гас оваа зима. Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како работник го исклучува снабдувањето со гас, а барометарот покажува дека притисокот паѓа на нула.

Снимките се придружени со руската песна „Зимата ќе биде долга“, која го содржи стихот: „Види, преку реката, есента тивко умира... А зимата ќе биде долга, само самрак и снег“. Автор на песната е познатиот руски поет Јуриј Визбор, а верзијата што се појавува во спотот ја пее неговата внука Варвара Визбор.

Видеото вклучува и снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон под снег и мраз, како и знамињата на Европската Унија. Видеото беше објавено на 5 септември.

URL

Кремљ: Гасоводот е затворен поради санкции

На 2 септември Газпром објави дека е откриено истекување при рутинско одржување во единицата на компресорската станица Портоваја, што значи дека гасоводот ќе биде целосно исклучен додека не се реши проблемот.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, западните санкции се единствената причина за целосно прекинување на снабдувањето и затворање на гасоводот Северен поток 1.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на крајот на август потврди дека складиштата за гас во Европската Унија се полни 80 отсто, што е подобро од очекуваното.

Захарова: САД ја турнаа ЕУ на самоубиствен пат

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги обвини САД за енергетската криза. Таа рече дека САД ги турнале европските лидери на она што таа го нарече „самоубиствен пат“ за прекин на економската и енергетската соработка со Москва.

Во видеото се појавува и деактивираниот гасовод Северен поток 2, чија работа беше прекината од Германија како дел од санкциите против Русија.

Исклучувањето на гасоводот Северен поток 1 значи дека испораките на руски гас се намалени за 89 отсто во споредба со минатата година. Русија порано испорачуваше 40 отсто од природниот гас во Европа, а уште повеќе во Германија, каде што евтината енергија беше еден од столбовите на економијата.

Испораките на гас се намалија уште пред војната

Дел од рускиот гас сè уште стигнува до Европа преку гасоводи кои минуваат низ Украина и Словачка, а преку Црното Море до Турција и Бугарија.

Русија почна да ги намалува испораките на гас минатото лето, пред да започне војната во Украина. Ова значително ги зголеми цените на природниот гас.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе