Благо опаѓа бројот на новозаболени, имунизацијата се одвива со засилено темпо

Бројот на новозаболени од COVID-19 во државата е во благо опаѓање. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 62 случаја, од 2.557 тестирања. Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизацијата. Почна вакцинација и на пациентите со дијализа и трансплантација, а надлежните порачуваат дека најлесен начин за вакцинирање е преку пријавување на веб-страницата www.vakcinacija.mk.

Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40-годишна возраст од Скопје, кои до 30 април изразиле желба за вакцинирање преку веб-страницата на Министерството за здравство.

Како што соопшти вчера министерот за здравство, Венко Филипче следните денови и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40-годишна возраст, кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање преку оваа веб-страница.

Почна и вакцинација на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација.

– Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk, информираше вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

Со 100.000 вакцини од кинески Sinopharm, кои пред два дена пристигнаа во земјава како донација од кинеската Армија, се очекува имунизација на населението да оди согласно предвидената динамика.

Надлежните посочуваат дека до крајот на следната недела се очекува да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани кои ќе имаат приоритет пред помладите.

Инаку, според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 62 случаја на заболени од COVID-19. Починаа 14 лица, а оздравени се 245 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на COVID-19.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на пандемијата изнесува 154.698. Бројката на оздравени пациенти е 145.851, а на починати е 5.211. Има вкупно 3.636 активни случаи.

На инфективните одделенија низ болниците во државата и во Скопје се лекуваат вкупно 514 пациенти. Има околу 740 слободни кревети во ковид-центрите.

Од Министерството посочија дека поради намален број на болни, затворени се дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

Во Скопје, во текот на вчерашниот ден беа хоспитализирани 17 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 203 лица сомнителни и потврдени за COVID-19.

Според извештаите од болниците низ државата, во болницата во Битола заклучно со вчерашниот ден, хоспитализирани се 35 пациенти, во болницата во Штип 36 пациенти, на инфективното одделение во Тетово седум пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на COVID-19.

реклама

Македонија

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе