БМБ Логистик - лидери во транспортот на автомобили

Компанијата БМБ логистик делува во областа на транспорт на автомобили од сите дестинации во Европа, истовремено работејки по најсовремени Европски стандарди. Исто така, дополнително нуди и услуги на царинење на автомобили во соработка со Синко шедиција.

Во разговорот со г-динот Борче Попоски - основач и генерален менаџер на БМБ Логистик Скопје, разговаравме за почетоците на компанијата, достигнувањата и специфичните услуги кои ги нуди компанијата за физичките и правните лица.

„Љубовта кон автомобилите и камионите започнува во 1997 година, кога се вработив како менаџер за логистика во Даеву Мотор Скопје и го организирав транспортот на нашите автомобили во Скопје. Ова беше моето прво искуство со логистиката. По 6 години во оваа компанија, ја основав БМБ Логистик Скопје, која на почетокот се занимаваше со организација и посредништво при транспорт, но без сопствени возила. Компанијата го купи првото возило во далечната 2005 година, а денес нашата флота располага со 7 камиони со кои вршиме транспорт од и до земјите во Европа”, раскажува Попоски за неговите почетоци во оваа дејност.

„Од самото основање, БМБ логистик е компанија која за многу кратко време достигна зголемен обем на работа и суштински раст, со акцент на навремено и професионално извршување на услугите кои ги нуди.

Компанијата со досегашнотото работење има постигнато одлични резултати во дејноста, има 12 вработени кои со тимска работа се стремат кон крајно професионално извршување на услугите кои ги нуди компанијата, со што главна цел е да стане препознатлив бренд во повеќе држави во областа на превоз на автомобили и што повеќе задоволни клиенти кои ќе ја шират пораката”.

„Пред една година отворивме и наш склад во Ново Место, Словенија, со капацитет од 60 возила, кој е збирен центар за автомобилите кои ги превезуваме од западноевропските земји. Сакаме максимално да го олесниме процесот на транспорт на возила, со што во тек е подготовка на систематизиран пристап, со кој преку нашиот веб сајт www.bmblogistic.com.mk  ќе можете веднаш да нарачате достава на возило од посакуваната дестинација низ Европа. Компанијата ќе продолжи да се расте и развива и да им нуди на клиентите најдобри решенија за транспорт на возила”, вели Борче Попоски - основач и генерален менаџер на БМБ Логистик Скопје.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе