Богатството на Маск за еден ден се зголеми за 32 милијарди долари

МИА/КАЈГАНА
/ 04.01.2022 / 08:35

Богатството на американскиот милијардер Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари. Скокот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија Tesla. Податоците се од рангирањето на милијардерите според списанието Forbes.

На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември минатата година, кога првпат во историјата неговото богатство надмина 300 милијарди долари.

Маск беше најбогат човек на планетата и пред подемот на Tesla. Сега, сепак, неговото богатство ја зголеми разликата со она на неговиот најблизок ривал во бизнисот, извршниот директор на француската групација на компании Louis Vuitton Moet Hennessy, Бернар Арно, чие богатство изнесува 200,6 милијарди долари.

Акциите на Tesla поскапеа вчера, на првиот ден од тргувањето на њујоршката берза оваа година, за 13,53 отсто, достигнувајќи 1.199,78 долари по акција, поради извештаите за рекордно зголемување на понудата на електрични возила во 2021 година.

Компанијата на Маск испорача 936.172 електрични возила на клиенти, што е зголемување од 87 проценти во споредба со 2020 година. 

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе