Бока ита кон ново финале во Либертадорес
Со убедливи 3:0 Бока Жуниорс го среди еквадорскиот ЛДУ Кито на гостински терен и уште во првиот натпревар речиси си обезбеди полуфинале.
Рамон Абила во 11-тата, Емануел Рејносо во 47-мата и автоголот на Луис Каиседо на девет минути пред крајот ѝ донесоа одлична предност на Бока пред реваншот.
Во бразилските дуели Фламенгу славеше 2:0 над Интернасиунал, а Палмејрас на гости го победи Гремиу со 1:0. Вечерва бранителот Ривер Плејт го пречекува парагвајскиот Серо Портењо.