Боки 13 му нудел на Камчев државни субвенции за изградба на старечки домови

Обвинетиот Бојан Јовановски, на Јордан Камчев, му нудил да инвестира на локаци во Струга и Охрид за старечки домови, односно дека за ова инвестиција ќе добие 20 проценти субвенции од државата.

– Зоран Милески и Бојан Јовановски дојдоа кај мене и на маса ми ги дадоа локациите. Ми кажа дека Карпош е блокирано, Битола е зафатено. Сето ова чинеше 4 милиони евра, рече Камчев на денешното сведочење во Кривичниот суд за „Меѓународен сојуз“. Тој додаде дека од тимот на Бојан му биле презентирани копи-пејст бројки, и истите ги дал за анализа на неговите директори.

Сведокот Јордан Камчев посочи дека на сметка на 1ТВ платил 300 илјади евра, за два договора. Овие средства Камчев рече дека ги уплатил како рекет.

Во однос на улогата на обвинетата Јасна Мандиќ, сведокот Камчев, истакна дека таа била само пошта и дека истата не учествувала во разговорите меѓу него и обвинетиот Бојан Јовановски.

Освен Камчев, денеска сведочеше и Агапи Дика. Со сведочењето на лицата Јованка Кука и Лилјана Тодоровска, на 24 март е предвидено да продолжи судењето. 

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (татко на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе