Болсонаро го обвини домородното население за пожарите во Амазонија

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска во својот говор во ОН кажа дека домородното население е виновно за годинашните пожари во прашумата на Амазонија и притоа ги нападна и медиумите за ширење паника за пандемијата на коронавирусот.

Во однапред снимениот говор на седницата на Генералното собрание на ОН, екстремно десничарскиот лидер ги демантираше критиките за неговата еколошка политика и потезите што ги направи за време на пандемијата на коронавирусот.

– Пожарите секогаш се случуваат на истите места, на источната страна од шумата, каде што селаните и Индијанците ја палат својата земја во веќе опустошените области, рече претседателот.

Соња Гуајајара, лидер на главната домородна организација, веднаш возврати дека Жаир лаже.

– Ние, исто така, мора да ја разоткриеме оваа политичка катастрофа што ја уништува нашата животна средина и нашата иднина, рече таа.

Претседателот, кој постојано ја минимизира сериозноста на пандемијата, овој пат изрази жалење за смртта на повеќе од 137.200 лица во неговата земја од COVID-19.

Но, притоа, тој ги обвини медиумите за „политизација“ на пандемијата и создавање паника меѓу бразилските граѓани, што речиси доведе до социјален хаос.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета на во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета на во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе