Брас фантазија за Тоше, концерт во Филхармонија

На 25.12.2023, со почеток од 20 часот, во малата сала на Филхармонијата ќе се одржи концерт на скопскиот „Брас квинтет“ со наслов „Брас фантазија за Тоше“. На програмата ќе бидат најпознатите песни од дискографијата на Тоше Проески, преработени за лимени дувачки инструменти.

Идејата за овој концерт потекнува од минатите концерти на квинтетот со програма од разни популарни композиции од групи, како „The Beatles“, „Queen“, Мајкл Џексон, „Bee Gees“ и сл.

Истите овие композиции се појавувале и во образовниот процес на секој од членовите на квинтетот по предметот камерна музика.

Оттука идејата за изработка на квалитетни аранжмани, кои во себе ќе ја содржат музиката од познатите хитови што Тоше ги пееше, изведени преку автентичниот звук на лимените дувачки инструменти преку креативното перо на Трајко Велков и Зоран Костадиновски. Предизвикот да се сработат партитурите и индивидуалните штимови е огромен имајќи ги предвид нивната комплексност и виртузноста, преку кои аранжерите го покажуваат своето широко познавање за оваков вид ансамбл, како и лимените дувачки инструменти (впрочем, самиот Трајко Велков ѝ е познат на јавноста како џез-трубач, присутен на речиси сите настани поврзани со џез-музиката), вели организаторот.

По неколкуте изведби предвидени во 2024 година, овие аранжмани ќе бидат подарени на музичките образовни институции со цел тие да влезат во редовната програма, која идните студенти инструменталисти ќе ја изведуваат во текот на своето школување.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе