Британската влада мисли дека на Шкотска не ѝ е потребен нов референдум за независност

„Заканите за одржување нов шкотски референдум за независност создале непотребна несигурност и поделби“, изјави портпаролот на британската влада, одговарајќи на медиумските извештаи дека во Шкотска владејачката парти се подготвува да бара референдум.

„Прашањето не е дали може да се одржи нов референдум, туку дали треба да се одржи, а едноставниот одговор на тоа е – не. Заканите со референдум создадоа непотребна несигурност и поделби“, се вели во изјавата на портпаролот на владата во Лондон.

Притоа истакнал дека „одлуката за останувањето во Обединетото Кралство која шкотскиот народ ја донесе во 2014 година и сите докази укажуваат дека народот во Шкотска не сака нов референдум“.

Шкотската премиерка Никола Старџен ѝ постави на британската колешка Тереза Меј на 31 јануари ултиматум од два месеца да го договори излегувањето на Велика Британија од Европската унија, и навести нов референдум за независност на Шкотска. Многу наскоро потоа британската влада соопшти дека не мисли оти би требало повторно да се организира референдум за независност на Шкотска.

Според медиумите на Островот, до крајот на март, кога треба да биде активиран членот 50 од Лисабонскиот договор со кој се регулира истапувањето на земја членка од ЕУ, можно е да биде одржан конгрес на Шкотската национална партија (SNP) чиј лидер е Старџен, и која доминира во парламентот на овој британски ентитет. Се претпоставува, исто така, дека на конгресот може да биде објавено одржување на нов референдум за независност на Шкотска од Обединетото Кралство.

Исто така, SNP има намера активно да биде вклучена во процесот на дискусијата за условите за излегувањето од ЕУ, предложувајќи во договорот околу 50 амандмани.

Како челник на Шкотската национална партија (SNP), Старџен пред референдумот од 23-ти јуни 2016 година водеше кампања за останувањето на Обединетото Кралство во ЕУ и шкотските избирачи се изјаснија за зачувување на членството во Унијата, како и гласачите во Северна Ирска, додека Англија и Велс со своите повеќе гласачи го одредија излегувањето.

„Ќе сториме сé за волјата на граѓаните на Шкотска да биде земена предвид“, изјави претставничката на SNP за правни прашања, Џоана Чери. Таа истакнува дека планот на владата мора да добие одобрување од новиот министерски совет, во кој влегуваат и челниците на автономните региони на Обединетото Кралство, односно Англија, Велс, Северна Ирска и Шкотска.

На контроверзниот референдум за независност во 2014 година мнозинството, со 55 наспроти 45 отсто, гласаше Шкотска да остане во составот на Обединетото Кралство. Меѓутоа, откако на британскиот референдум беше изгласано излегувањето од ЕУ, според Старџен „тоа не е повеќе земјата во којашто Шкотите тогаш одлучија да останат“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе