Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на своето воено разузнавање објави дека руските команданти веројатно почнале да ги казнуваат дисциплинските пропусти на своите војници во Украина со затворање во т.н. зандани - дупки во земјата покриени со метални шипки.
„Неколку неодамнешни извештаи од рускиот воен персонал опишуваат ситуации во кои војниците биле сместени во зандани за прекршоци како што се пијанство и обид да склучат договор за услуги“, се вели во извештајот на британското воено разузнавање.
Во извештајот се наведува дека строгите дисциплински мерки во редовите на руската војска во Украина почнале да се спроведуваат кога командата со силите во Украина ја презел генералот Валериј Герасимов.