Бритни Спирс: Татко ми се опиваше до бесвест, беше злобен и постојано ме понижуваше

Бритни Спирс првпат со свои зборови раскажа како нејзиниот татко алкохоличар и долгогодишен старател ја заплашувал уште од детството.

Како што открива The Sun, поп-ѕвездата (41) ги користи првите страници од претстојна автобиографија „The Woman In Me“ за да го разоткрие Џејми Спирс, обвинувајќи го дека бил злобен, апатичен и ладен кога растела.

Таа вели дека Џејми продолжил да ја омаловажува до нејзините 30-ти честопати нарекувајќи ја дебела и наредувајќи ѝ да работи против нејзината волја додека била под негово старателство 13 години. Спорното старателство со целосна контрола врз нејзиниот приватен живот и финансии заврши во ноември 2021 година.

Поп-ѕвездата открива дека Џејми (71) редовно се опивал во деновите пред нејзината слава, толку многу што била преплашена да влезе во автомобил со него кога растела во Кентвуд, Луизијана. Во извадок од книгата, која излегува на 24 октомври, Бритни пишува: „Тато пиеше толку многу што не можеше да размислува. Ќе го снемаше од дома со денови. А кога беше пијан, стануваше навистина злобен“.

Бритни нагласува дека потребата на татко ѝ за пиење предизвикала пропаѓање на неговите бизниси и банкрот, што само ги влошило проблемите дома.

„Стресот поради беспарицата го засили хаосот предизвикан од екстремните промени во расположението на татко ми. Особено се плашев да влезам во автомобил со него бидејќи тој зборуваше сам со себе додека возеше. Не ни разбирав што велеше. Се чинеше како да е во свој свет“, пишува таа.

„Во тоа време немав поим зошто беше толку тежок со нас и зошто ништо што правевме не изгледаше доволно добро во неговите очи. Најтажно за мене беше тоа што секогаш сакав татко што ќе ме сака токму таква каква што сум јас, некој што би рекол: Те сакам, точка. Ти можеш сè. Ќе те сакам засекогаш, безусловно“.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе