Бројката на новодијагностицирани од COVID-19 слична на вчерашната

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека наскоро ќе биде објавена статистиката за новодијагностицираните лица од COVID-19 во изминатото деноноќие, посочувајќи дека бројката е слична на вчерашната.

Тој најави дека наскоро на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ќе биде поставен централен довод за медицински гасови.

– Сега во овој момент ја разгледуваме најбрзата можност да се донесе систем за медицински гасови. Досега таму на располагање се боците за кислород и веднаш откога ќе го најдеме начинот ќе обезбедиме еден период од четири до пет дена, на којшто ни укажаа техничките служби, дека е временски период потребен за сето ова како инсталација да се постави во болницата за да има и таков довод на медицински гасови, образложи министерот за здравство.

Тој одговарајќи на новинарско прашање околу функционалноста на модуларната болница, поставена до Инфективната клиника, рече дека таму во овој момент нема пацинети, но оти тој капацитет е на располагање во кој било момент.

– Во модуларната болница во овој момент нема пациенти. Се исполнуваат сите капацитети најпрво на Клиниката, а понатаму и во тој дел практично секојдневно се анализира и се прави прераспределба на пациентите согласно бројката на хоспитализирани во овој изминат период. Изминатите денови имаше одреден број пациенти којшто се испишаа од Клиниката и на тој начин се ослободија дополнителен број болнички кревети, но овој дел е целосно на располагаѓе во било кој момент, истакна Филипче.

Во однос на лицата кои беа во државен карантин и се позитивни на COVID-19, министерот рече дека согласно нивната здравствена состојба ќе се лекуваат во домашни услови.

– Околу 20 луѓе се позитивни коишто беа во карантините и согласно нивната здравствена состојба, а по прегледот од лекарите, е утврдено дека тие може да се лекуваат во домашни услови, секако во консултација со нивните матични лекари, рече Филипче.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе