Бубевски: За тендерот за надзорот на „Бехтел и Енка“ по допрен глас може да постапува ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство Скопје, по закон, не може да постапува по предмети за јавни набавки, туку таа надлежност ја има ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, вели  шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски.

Прашан во врска со случајот со јавната набавка за избор на консултант, односно надзор на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ и конкретно за инструментот „допрен глас“, кој често се споменува во јавноста, Бубевски појаснува дека тоа е еден од трите инструменти што обвинителите ги имаат на располагање за започнување на постапка, но и дека тој се користи само доколку институциите претходно затаиле.

-Инструментот на допрен глас во ОЈО Скопје го користиме во ситуација кога гледаме дека институциите на откривање на кривичното дело претходно затаиле и само во тој случај јавното обвинителство почнува да постапува по допрен глас. Доколку другите институции што имаат откривачка функција го работат предметот и дојдат до соодветни сознанија, ќе изготват кривична пријава и потоа постапуваме по тоа, вели Бубевски.

Во однос на двократното убиство што се случи на почетокот од неделава во угостителски објект во Старата скопска чаршија, Бубевски рече дека засега информациите што ги имаат се оние што ги знае јавноста и дека предистрагата на ОЈО не може да премине во истрага додека е непознат идентитетот на убијците. Засега за мотивите на убиството, рече не може ништо да каже, освен што, како што вели, се кристализира дека се работи за позиции на нарко-пазарот.

-Кога би дошле до сознание кои се извршители и кои се евентуално нарачатели на ова кривично дело, во тој случај веќе се отвора истрагата и продолжува формалната постапка што си има свои посебни правила на постапување, рече тој и додаде дека откако е запалено возилото нема повеќе информации, зашто тој дел не е покриен со соодветен видеонадзор.

Тој наведе дека околу 50-тина чаури се пронајдени околу телата на двајцата убиени, но колку завршиле во нивните тела треба да потврди извшетајот од судска медицина кој се уште не го добил.

-Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор“, изјави Бубевски во емисијата.

Убиството е извршеное во понеделникот вечерта, кога неколкумина маскирани лица влегле во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија и ги егзекутирале Јетон Кривањева и Енес Исени.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе