Бучковски се сретна со Захариева

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева го примила специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, објави БГНЕС, повикувајќи се на бугарското Министерство за надворешни работи.

За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји.

„Република Бугарија предложи акциски план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој документ, кој се однесува на сите ресорни министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот)“, пишува БГНЕС.

Како што соопшти претходно МНР на С.Македонија, предвидено е Бучковски во Софија да оствари средба со претставниците на Република Бугарија на повеќе нивоа.

„Министерството за надворешни работи и Владата на Северна Македонија остануваат на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно, взаемно решение за билатералните разлики по различни прашања со соседна Бугарија, како и за враќање на довербата во ефикасноста и успешноста на Договорот за пријателство од 2017 година“, стои во соопштението од МНР.

При крајот на годината, потсетува Министерството, е доставен Акциски план за имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година, за што во разговор меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Екатерина Захариева беше договорено да бидат разменети забелешки, мислења и соодветни предлози.

„Во оваа насока во претстојниот период ќе имаме конструктивен придонес преку нашиот специјален претставник, а истото го очекуваме и од бугарска страна, како можен единствен како единствен можен начин до изнаоѓање решение“, наведе Министерството во соопштение.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе