Цената на струјата нема да се зголеми повеќе од 10 проценти

Скопје, 9 декември 2021 (МИА) – Цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 проценти, уверуваат надлежните министри.

Според нив, понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија. Денеска се очекува и АД ЕСМ да ја достави понудата на отворениот повик на ЕВН Хоум.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера изјави дека согласно сите проекции, од 1 јануари не очекува да се зголеми цената на струјата повеќе од 10 проценти.

– Согласно Законот за енергетика, цената на струјата од 1 јануари за првите шест месеци од 2022 година ја потврдува Регулаторната комисија за енергетика, но имајќи предвид дека цената што ќе ја понуди ЕСМ кон универзалниот снабдувач многу влијае врз финалната цена, зголемување над 10 отсто нема да има. Со тоа се отфрлаат сите предвидувања од експерти во областа на енергетиката и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде 30, 40 или 50 отсто, изјави Бектеши.

И министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека нема да има значително зголемување на цената на струјата.

– Како што беше најавено, ќе има понуда од ЕСМ кон универзалниот снабдувач на електрична енергија, која веројатно, според тие проценки, ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на струјата, рече вчера Бесими, не сакаше да калкулира со бројки.

Во насока на стабилизирање на цената на струјата, одлучено е и ЕСМ наместо задолжителните 60 проценти, да покрива 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум.

– Ние донесовме одлука да испорачуваме 100 проценти енергија во 2022 кон ЕВН Хоум и тоа значи дека оваа компанија нема да набавува дополнителни количества енергија кои на берзата се со повисоки цени. Така, нашата компанија и натаму ќе остане стабилизатор на цената за домаќинствата и малите потрошувачи, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во понеделникот.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради првомајскиот протест

Read more

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради првомајскиот протест

Читај повеќе

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Читај повеќе

Румена Бужаровска: „Тони“ за неколку месеци го доживува третото издание

Читај повеќе

50-годишник од Охрид повеќе пати силувал малолетничка

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Баш би сакал да бидам папа

Читај повеќе

„Клинци“ по седми пат вечерва во Europe House во Скопје

Читај повеќе

Маск повеќе не доаѓа во Белата куќа

Читај повеќе

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп двапати во наредните денови

Читај повеќе

Полицијата од врата до врата го бара убиецот во Упсала

Читај повеќе