Цените на нафтата се задржаа над 84 долари, а причината е Кина

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во петокот над нивото од 84 долари, поддржани од честите индикации за нормализирање на побарувачката во Кина по олеснувањето на мерките за борба против Ковид.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 31 цент од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 84,34 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 44 центи поскапо, по цена од 78,83 долари.

На крајот на неделата, трговците се фокусираа на чести знаци на зајакнување на побарувачката во Кина по укинувањето на строгите ограничувања за пандемијата.

Тие беа охрабрени од зголемениот откуп на нафта и обновувањето на патниот сообраќај. Аналитичарите на ANZ укажуваат на скок на индексот на густина на сообраќај во 15 кинески градови за 31 отсто во споредба со претходната недела.

Понудата би можела да биде намалена поради најавените нови западни санкции за руската нафта.

Групата Г7 и нејзините сојузници ја ограничуваа цената на руската нафта на 60 долари на почетокот на декември, а ЕУ воведе ембарго на руските барели испорачани со бродови истиот ден. На почетокот на февруари Унијата планира да ја прошири забраната за увоз на руските нафтени деривати.

Русија одговори со петмесечна забрана за продажба на нафта на земјите кои ја ограничија нејзината цена.

„Трговците сметаат на пораст на цените со оглед на очекуваните дополнителни намалувања на понудата од Русија и нормализирањето на кинеската побарувачка за гориво“, објаснува Стивен Бренок од PVM.

Цените вчера беа поддржани од послаб долар по ублажувањето на инфлацијата во САД во декември, што ги поттикна надежите дека американската централна банка ќе го олесни темпото на зголемување на каматните стапки.

Послабиот долар ја помага побарувачката бидејќи ја зајакнува куповната моќ на купувачите во други валути.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска одделно објави дека цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки во четвртокот пораснала за 2,60 долари на 80,73 долари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе