Чави го претстави 15-годишното чудо од дете: Тој е како Меси, може да обележи една ера за Барса

Ламине Јамал (15) стана најмладиот играч во историјата кој играл за Барселона. Тој во игра влезе во 83. минута од натпреварот од 32. коло на Ла Лига меѓу Барселона и Бетис (4:0) на 15 години, девет месеци и 16 дена.

Така, тој го собори рекордот кој 101 година го држеше Арманд Мартинес Саги, кој дебитираше за Барселона во 1922 година кога беше два месеци постар од денешниот Јамал. Јамал стана и петтиот најмлад играч во историјата на шпанското првенство.

Играта на Јамал ја пофали и Чави на прес-конференцијата по натпреварот.

„Ламине беше многу добар. Му реков да се обиде да биде опасен и тој го направи тоа. Замислете, тој има само 15 години! За малку ќе постигнеше гол. Тој е посебен, полн е со самодоверба и може да стане важен играч за нас. Доволно е да го гледате на тренинг за да го разберете тоа“, рече тој.

Еден новинар потоа го праша дали може да го спореди со Лионел Меси и Ансу Фати, кои исто така дебитираа во Барселона на многу млада возраст.

„Да, тој е сличен на нив. Тој е многу талентиран во задната третина. Тој е играч кој може да обележи цела една ера на Барселона", одговори Чави.

Јамал моментално е еден од најголемите таленти во школата „Ла Масија“ во Барселона, а Чави го повика да тренира со сениорскиот тим за прв пат во септември. Инаку, тој настапува за У-19 тимот на Барса, за кој оваа сезона на 28 настапи постигна осум гола и исто толку асистираше. Тој е и актуелен У-19 репрезентативец на Шпанија.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе