Четири клучни грешки: Како Белата куќа дозволи Трамп да се зарази?

МИА/КАЈГАНА
/ 12.10.2020 / 10:34

Откако американскиот претседател Доналд Трамп се зарази со коронавирус, се постави прашањето кои се клучните правила кои ги прекршила Белата куќа за спречување на ширењето на COVID-19.

BBC ги следеше мерките и препораките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) и начинот на кој ги следела Белата куќа.

URL
Носење заштитна маска

Едно од основните правила за кое веќе половина година зборува светската јавност е носење заштитни маски, посебно на јавни места, односно во близина на други луѓе. Ова е воедно и прво правило кое не го испочитувале белата куќа и администрацијата на Трамп. Американскиот претседател е критикуван повеќе пати поради непочитување на правилото за носење маска, а на една прослава во Белата куќа речиси никој од присутните не носел маска.

Физичка дистанца

CDC соопшти дека организаторите на настани мораат да им овозможат на присутните да држат дистанца од два метра, а собирите да се одржуваат на отворен простор. Белата куќа го прекршила ова правило при неодамнешната свеченост за именување на судијката на Врховниот суд на САД, Ејми Конеј Барет. Настанот се смета за жариште за ширење на COVID-19 во администрацијата на Трамп, имајќи предвид дека повеќето од присутните не држеле растојание и не носеле маска. На прославата присуствувале повеќе од 50 лица.

Не само што Белата куќа организирала масовни собирања на отворен простор, туку гостите и членовите на администрацијата на Трамп, но и самиот претседател, се собирале внатре во службената резиденција. Фотографиите кои се шират низ интернет покажуваат дека никој во Белата куќа не ги почитува мерките за дистанцирање и носење заштитна маска.

Самоизолација

Доколку сте позитивни на коронавирус, препораката на CDC и епидемиолозите во светот е да се самоизолирате и одвоите од останатите луѓе. Сепак, ниту тоа правило не важи за Трамп. Додека беше на болничко лекување ја напушти собата за да се повози малку. Со тоа ги изложи на опасност десетици луѓе од заразување со COVID-19.

URL
Следење на контакти

CDC предупредува дека луѓето кои се заразени мораат да ги информираат сите оние со кои биле во близок контакт, за да може на време да се спречи ширењето на заразата. Не е сосема јасно колку блиску биле Трамп и неговиот противкандидат Џо Бајден за време на предизборната дебата, но тимот на Бајден, ниту тој лично, не се информирани за дијагнозата на Трамп. Никој од Белата куќа, исто така, не го известил персоналот со кои заразените членови на администрацијата на Трамп биле во контакт.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more
 

Вести

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе