Четири верувања за виното кои всушност не се вистинити

Виното, како и секој друг алкохолен пијалак, има свои позитивни и негативни ефекти. Исто така, постојат неколку работи во кои веројатно веруват, а всушност не се вистинити.

Често се наведува дека не е можно да се консумира вино и да се ослабне, што не е точно. Како што забележа нутриционистката Ејми Гудсон за списанието Eat This, Not That, можете да вклучите вино во вашиот план за слабеење, сѐ додека се грижите за дневниот внес на калории.

„Една стандардна чаша вино содржи приближно 105-120 калории. Важно е само да не се претера“, рече таа.

Друг мит е дека виното има многу шеќер, што е далеку од вистината. Гудсон објасни дека една чаша црвено вино има нешто помалку од 1 грам шеќер, додека белото вино има околу грам. Послатките вина ретко содржат повеќе од 4 грама шеќер, што е исто така позитивен факт.

Умереното консумирање вино има свои предности. Поради оваа причина, многу луѓе почнуваат да го консумираат во поголеми димензии бидејќи наивно мислат дека ќе постигнат подобар ефект. Се разбира, тоа не е точно.

„Прекумерното консумирање алкохол е поврзано со зголемено ниво на триглицериди, ризик од хронични болести и недостаток на микронутриенти“, предупреди таа.

Американското здружение за срце ги советува жените да пијат една чаша вино дневно, додека мажите две.

Многумина веруваат дека црвеното вино е единствениот извор на антиоксидансот ресвератрол, кој спречува кардиоваскуларни болести. Ресвератролот помага да се намали ЛДЛ, или „лошиот“ холестерол, и да се зголеми ХДЛ, или „добриот“ холестерол. Црвеното вино е одличен извор на ресвератрол, но тоа не е единствениот извор.

„Ресвератролот го има и во ф'стаците, какаото во прав, темното чоколадо и јагодите“, вели Гудсон.

Тагови
реклама

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе