Четворица вработени во Канал 5 телевизија се во самоизолација

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Претставник на Канал 5 телевизија на денешната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека четворица вработени во телевизија се во самоизолација откако беше потврдено дека главниот и одговорен уредник на информативната редакција на медиумот Гоце Михајловски е позитивен на коронавирус.

Од телевизијата наведоа дека Канал 5 продолжува да информира професионално и независно и покрај големиот предизвик со кој се соочени во моментов.

Околу тоа дали е направено тестирање на вработените во Канал 5 и каква е препораката на епидемиолозите за оваа телевизија во однос на нејзиното работење, како и за работењето на останатите новинари земајќи ги предвид постојаните средби на колегите, министерот посочи дека емидемиолозите оствариле комуникација со одговорните на телевизијата и оти се спроведени интервјуа со сите вработени коишто имале контакт и се сметаат за висок ризик.

– Јас верувам дека и на колегите од останатите медиуми, како и сите други приватни контакти на тие лица за коишто се смета дека се во ризик, се веќе направени интервјуа, или ќе бидат направен во текот на утрешниот ден. Согласно тоа ќе бидат преземени и одредени мерки, доколку има потреба, истакна Филипче, посочувајќи дека за фирмата важат истите пристапи и протоколи како за сите останати.

Тој нагласи дека просториите на Канал 5 телевизија се исчистени според стандардите.

реклама

Македонија

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе