Curiosity сними облаци на небото на Марс

Роверот Curiosity на американската вселенска агенција НАСА направи снимки од облаци на Марсовото небо.

Снимките го прикажуваат движењето на облаците на небото на Марс, а се направени со навигациската камера на роверот Curiosity. Сенките на облаците може да се видат како го минуваа теренот и над самиот ровер.

Овие снимки не само што се неверојатни, туку им помагаат на научниците да пресметаат некои важни податоци, од тоа колку брзо се движат облаците, до висината на која се наоѓаат.

Научниците заклучија дека облаците се многу високи, речиси 80 километри над површината. Тим од научници потоа успеа да го дознае нивниот состав.

Remote video URL

Поради екстремниот студ на споменатата надморска височина, облаците веројатно се состојат од леден јаглерод диоксид, за разлика од облаците на Земјата кои се наоѓаат пониско и кои се составени од вода и мраз.

Марсовите облаци не се изразени, тие изгледаат многу слаби во атмосферата, па научниците на НАСА мораа да користат специјални техники за снимање за да ги забележат. Овие техники вклучуваат правење неколку снимки за да се добие статична позадина. Кога потоа ја отстранија статичната заднина, можеа да видат објекти кои се движат на сликата, што всушност се облаци.

Curiosity веќе го потврди присуството на глина на Црвената планета и најде праисториски исушени оази. Роверот беше лансиран уште во ноември 2011 година и сè уште одлично си ја врши работата.

реклама

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе