James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Вселенскиот телескоп James Webb ги сними најдеталните инфрацрвени снимки досега на еден од најнеобичните објекти на нашето небо, маглината Коњска глава.

Сликите покажуваат дел од небото во соѕвездието Орион. Од турбулентните бранови на прашина и гас се издига маглината Коњска глава, позната и како Барнард 33, која е оддалечена од нас околу 1300 светлосни години.

Маглината Коњска глава (на сликата подолу се гледа поголем дел од неа) е родена во меѓуѕвезден облак од материјал кој се распаѓа и сјае затоа што е осветлена од блиската жешка ѕвезда. Гасните облаци што ја опкружуваат маглината веќе се распаднаа, но колоната во облик на животинска глава е составена од густи купчиња материјал што е потешко да се еродираат.

Ќе ја снема за околу пет милиони години

Еден ден ќе исчезнат и главите на коњите, но ќе треба да помине многу време. Астрономите проценуваат дека Барнард 33 ќе се распадне за околу пет милиони години. Новите слики на James Webb се фокусираат на осветлениот раб на врвот на маглината.

Барнард 33 е регион на фотодисоцијација (PDR), во чии рамки ултравиолетовата светлина од младите, масивни ѕвезди создава претежно неутрален, топол регион од гас и прашина лоциран помеѓу јонизираниот гас што ги опкружува масивните ѕвезди. Ова ултравиолетово зрачење влијае на хемијата на гасовите во овие региони и делува како најважен извор на топлина, пишува ESA.

Истражување на еволуцијата на меѓуѕвездената материја

Светлината емитирана од PDR обезбедува единствена алатка за проучување на физичките и хемиските процеси кои ја поттикнуваат еволуцијата на меѓуѕвездената материја во нашата галаксија и низ универзумот. Маглината Коњска глава е идеална мета за астрономите поради нејзината близина и геометрија. Се смета за еден од најдобрите објекти на небото за проучување на интеракцијата на зрачењето и меѓуѕвездената материја.

James Webb за прв пат ги открил малите структури на осветлениот раб на главата на коњот. Тој, исто така, откри мрежа на шарени карактеристики кои се движат нормално на предниот дел на PDR, кои содржат честички прашина и јонизиран гас. Набљудувањата, исто така, им овозможија на астрономите да ги истражат ефектите од емисиите на прашина и подобро да ја разберат повеќедимензионалната форма на маглината.

James Webb е револуционерен инфрацрвен вселенски телескоп од девет милијарди долари. Тој е сто пати почувствителен од телескопот Hubble и главно ја набљудува пространоста на просторот во инфрацрвениот спектар, што му овозможува да навлезе низ густи облаци од гас и прашина. Hubble работеше првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе