Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Private space им овозможува на корисниците да создадат посебен простор каде што е можно да се сокријат „чувствителните апликации“ од очите на околината. Овој простор користи посебен кориснички профил кој, кога е заклучен, апликациите не се активни.

Google штотуку ја објави втората Beta верзија на оперативниот систем Android 15, која покрај редовното издание за нивните модели Pixel, сега пристигнува и во верзии за „паметни телефони, таблети и телефони на преклоп“ од брендови како Honor, iQOO, Lenovo, Nothing, OnePlus, Oppo, Realme, Sharp, Tecno, vivo и Xiaomi.

Според планот што го објави Google, следната бета би требало да се појави во јуни, а последната во јули, по што ќе пристигне и последното официјално издание „петнаесетка“.

Главната карактеристика на оваа бета верзија е новата опција - Private space, кој им овозможува на корисниците да создадат посебен простор во кој е можно да се сокријат „чувствителните апликации“ од очите на околината, што досега можевте да го направите на некои од бројните интерфејси со кои производителите го „облекуваат“ стандардниот Android.

Private space користи посебен кориснички профил, кој се паузира кога е заклучен, така што апликациите во него не се активни. Можете да изберете да користите заклучување на уредот или специјално заклучување само за „приватниот простор“, додека апликациите ќе се прикажуваат во посебен контејнер во стартерот на оваа опција. Апликациите исто така ќе останат скриени од неодамнешните прегледи, известувања, поставки и други апликации кога приватната област е заклучена.

Медија и датотеките генерирани или преземени од корисникот може да се одвојат помеѓу приватниот и главниот простор на уредот. Можете да го користите списокот за споделување на системот и избирачот на фотографии за да дозволите апликациите да пристапуваат до содржината во различни области на просторот. Сето ова е достапно само кога приватниот простор е отклучен.

Меѓу другите нови опции и новитети, Google истакнува дека Android 15 носи подобри и побрзи транзиции помеѓу менијата, апликациите нема да можат да работат „во позадина“ повеќе од 6 часа, со цел да се спречи голема потрошувачка на батеријата. Дополнително, има подобра заштита од злонамерни апликации во заднина, што ги спречува да манипулираат со други апликации, да ги менуваат нивните привилегии и „злоупотреба на интеракциите на корисниците“.

Ова го штити софтверот на уредот од малициозни апликации кои ги активираат активностите на други апликации, создавајќи илузија дека започнатата активност на апликацијата не е злонамерна. Новата верзија на Android треба да им овозможи на корисниците и полесна транзиција кон режимот „слика во слика“.

Виџетите ќе ви дадат подобар преглед за тоа како ќе изгледаат кога ќе ги додадете пред да ги поставите. Корисниците ќе можат сами да ги поставуваат вибрациите за дојдовните известувања, а апликацијата Google Health Connect ќе добие поддршка за уште два типа на податоци: температура на кожата и планови за тренинг.

Remote video URL
Тагови
реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Софтвер

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Read more

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Read more

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Read more

WhatsApp статусите ќе може автоматски да се споделуваат како приказни на Facebook и Instagram

Read more
 

Гик

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Читај повеќе

Во Данска пронајдени фосили стари 66 милиони години - откриваат кој кого јадел

Читај повеќе

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Читај повеќе