Корисниците на Android потпевнувајќи можат да најдат песна на апликацијата YouTube Music

YouTube Music за Android конечно доби нова алатка која им овозможува на корисниците да потпевнуваат песна и на тој начин да ја пронајдат, исто како кога пеат или свират мелодија на инструмент.

Софтверот е во тестирање од март, а сѐ што е потребно е да ја допрете иконата за пребарување во горниот десен агол, а потоа брановидната икона до иконата за микрофонот. После тоа, корисникот може да почне да потпевнува или да пее, а потоа ќе се прикажат насловна страница, името на песната, изведувачот, албумот, годината на издавање и други важни информации за песната. Софтверот се заснова на функцијата now Playing на Pixel, која користи технологија за вештачка интелигенција за да го „спореди звукот со оригиналната песна“. Оваа алатка доаѓа како дел од ажурирањето 7.02 за Android.

Засега нема информации за пристигнувањето на новата алатка за верзијата на апликацијата наменета за уреди со оперативен систем iOS, но се очекува таа наскоро да пристигне.

Од друга страна, оваа функција не е баш нова, иако е достапна за прв пат за YouTube Music. Google Search нуди слична алатка од 2020 година, а стандардниот видео сервис YouTube има нешто слично од минатата година. Платформата за онлајн стриминг Deezer, исто така, има алатка hum to search, која се појави во 2022 година.

Тагови
реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Софтвер

Apple ќе развие посебна апликација Passwords за iPhone и Mac

Read more

Spotify повторно ги зголемува цените во САД, истото се очекува и на западните пазари

Read more

Ако помине, новата функција е најлошото нешто што Instagram досега го смислил

Read more

Google овозможи едитирање на RCS пораките

Read more
 

Гик

Пеколно лето: Зошто е важно да го заштитите телефонот од прегревање?

Читај повеќе

Apple планира потенки iPhone, MacBook Pro и Apple Watch

Читај повеќе

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Читај повеќе

Voyager 1 се „разбуди“ и повторно испраќа податоци

Читај повеќе

Во Австралија откриени коски на летечки диносаурус со масивен јазик

Читај повеќе

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Читај повеќе

Нова студија открива: Дали видео игриците се добри или лоши за менталното здравје?

Читај повеќе

НАСА по грешка објави видео од Меѓународната вселенска станица и предизвика многу шпекулации

Читај повеќе
  • filter

Наследството на Централните Пангејски Планини: Како некогаш биле поврзани Европа, Америка и Африка?

Читај повеќе