Далеку од бајка: Оригиналниот „Pretty Woman“ завршува мрачно и тажно

Иако е снимен во далечната 1990 година, за многумина филмот „Pretty Woman“ уште е еден од омилените во жанрот романтични филмови и се смета за вистинска модерна бајка.

Но, приказната каква што ја знаеме не била таква од почетокот на проектот.

Малку познат факт е дека филмот што ја вивна Џулија Робертс во светот на холивудските ѕвезди оригинално се викал „3.000“, односно сумата за која нејзиниот лик, проститутката Вивиен, се договара да му биде придружничка на милијардерот Едвард (Ричард Гир).

Исто така, ликот на Вивиен оригинално е зависничка од дрога, карактеристика што се префрла на споредните ликови во филмот. Уште еден факт што дури сега се дозна е дека во оригиналното сценарио, филмот завршува така што Едвард ја турка Вивиен од автомобилот, ѝ ги фрла парите и ја остава во некоја мрачна уличка.

Тајната ја откри актерката Патриша Аркет, која била на удиција за улогата на Вивиен. Џулија Робертс ја потврди приказната.

„Тоа беше многу мрачен филм и крајот беше тежок и тажен“, откри Аркет во заедничкото интервју со Робертс за Variety во 2019 година.

Робертс признава дека никогаш не би се согласила да игра во филм со таков крај.

За среќа, проектот го презеде Touchstone Pictures и го смени сценариото во приказна со среќен крај.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе