Дали е ова почетокот на крајот за Трамп?

Во САД се одржаа конгресните избори кои многу политички експерти веќе ги нарекуваат историски. Републиканците, кои ја поддржаа кандидатурата на актуелниот претседател Доналд Трамп, го изгубија мнозинството во Претставничкиот дом во Конгресот, но ја задржаа контролата во Сенатот.

По повод изборните резултати, BBC направи анализа за тоа што ќе значи ваквиот развој на настаните за владеењето на Трамп.

Ерата на потполно владеење на Трамп е завршена

Иако Трамп е во Белата куќа само две години, период што можеби е претерано да се нарече „ера“, новинарот на BBC Ентони Зархер вели дека во владеењето на Трамп „понекогаш деновите и неделите се чинат како цела вечност“.

Во двете години откако е во претседателската фотелја, Трамп значително политички профитираше од пријателски настроениот Конгрес што беше под контрола на неговата партија. Конгресот на тој начин во поголемиот број случаи ги поддржуваше зборовите и делата на Трамп и се прилагодуваше на неговите политики, додека истовремено се воздржуваше од сомневање во неговите потези.

Значително се стеснува просторот за маневрирање

На чело на Претставничкиот дом најверојатно ќе дојде демократата Ненси Пелоси која веќе најави пакет мерки што ќе се однесуваат на етиката во владејачките, но и изборните реформи.

Либералите сега, иако ќе имаат жесток отпор во Сенатот, конечно ќе имаат платформа на која ќе може да покажат што би направиле со целосна контрола над Претставничкиот дом на Конгресот, а можеби и во Белата куќа по изборите во 2020 година.

Во меѓувреме, на претседателот Трамп значително му се стеснува просторот за маневрирање, бидејќи за спроведување на неговите политики ќе му треба поддршката од претставници од двете партии, што во моментов се чини ќе биде тешка задача за човекот кој во изминативе две години жестоко ги навредуваше неговите политички опоненти од Демократската партија.

Можност за импичмент

Најверојатно најважниот елемент на промена во Претставничкиот дом на Конгресот се однесува на можноста за отворање на процедурата за импичмент на претседателот Трамп.

Потребно е само обично мнозинство во Претставничкиот дом за првиот чекор кон отворање на постапката, а демократите сега го имаат тоа мнозинство.

До изборите, демократите не се осмелуваа да ја почнат оваа постапка. Но, ако специјалниот инспектор Роберт Милер во наредниве денови или недели го достави својот извештај пред Конгресот за можна соработка меѓу Русија и предизборната кампања на Трамп, тоа би сменило многу работи, смета BBC.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе