Дали Трамп ќе ги помилува ќерките, синот и зетот советник пред да отстапи од функција?

МИА/КАЈГАНА
/ 03.12.2020 / 07:44

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, разгледал можност за предвремено помилување на четворица свои блиски луѓе, по претходните најави дека тоа се подготвува и за личниот адвокат Руди Џулијани.

New York Times дознава дека се работи за Доналд Трамп Џуниор, ќерките Ерика и Иванка Трамп и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, советник во Белата куќа.

Трамп Џуниор беше под истрага на обвинителот Роберт Малер поради тоа што со Русите споделил штетни информации за Хилари Клинтон, противкандидат на Трамп на претседателските избори во 2016 година.

URL

Кушнер пак, дал лажни изјави на сојузни органи за неговите контакти со странски лица за да добие дозвола за пристап до доверливи информации, што сепак ја добил, по наредба на претседателот.

Весникот наведува дека Иванка и Ерика пак можат во блиска иднина да станат предмет на истрага за прикривање милиони долари исплати за консултација на компанијата Organisation Trump за избегнување да се плати данок.

URL

Се наведува дека по инаугарцијата на Џо Бајден во јануари, нeговото Министерство за правда може во одмазда да подигне обвиненија против блиските на Трамп, оние кои ја креираа неговата политика изминативе четири години.

URL

Според познавачите, предвремено бланко помилување, еден вид на имунитет од идни обвиненија или осуди, е крајно невообичаена практика во американската политика. Но сепак, има историски преседани.

Претседателот Џорџ Вашингтон, на пример, на тој начин ги ослободил заговарачите на Востанието за виски во 1791 година. Најпознат е примерот кога претседателот Џералд Форд го помилува Ричард Никсон од сите негови незаконски акции како претседател. Додека, пак, Џими Картер, помилува илјадници Американци за незаконско избегнување регрутација за да не бидат пратени на фронтот во Виетнамската војна.

Трамп ја користи својата надлежност за давање милост во случаи кои се поврзани со него лично или за луѓе кои имаат директен пристап до него преку пријатели или семејство.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Свет

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Read more

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Read more

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи да го земе Гренланд, НАТО ќе ги изгуби своите вредности

Read more
 

Вести

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Уапсен водач на „балканскиот нарко картел“

Читај повеќе

Лавров: ЕУ сака Србија да биде тампон-зона против Русија

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C

Читај повеќе

По 7 месеци пауза Вардариште повторно гори, велат од Стоп за Вардариште

Читај повеќе

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Читај повеќе

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Читај повеќе

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Читај повеќе