Дарио Ивановски победник во полумаратонската трка, а Богдан Цветковски на пет километри

Скопје, 6 мај 2018 (МИА) - Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Wizz Air Скопскиот маратон со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди.

Атанас Анчевски заврши втор со 1.14.44 и трет беше Милош Ранчиќ со 1.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Миљана Ристиќ со 1.29.15, Амела Трозиќ со 1.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 1.35.06.

По полумаратонот Ивановски изјави дека напредува и оти изминатиот период се подготвувал во Белград со многу силни атлетичари.

„Ветив малку подобар резулатат. Ветив рекорд на Македонија, но сепак не издржав бидејќи момците од Кенија воведоа многу јак ритам под три минути и наглата промена многу тешко ја поднесов и од четвртиот киломеатр до крај останав сам“, изјави Ивановски, кој лани истрча и победи со 1 час, 11 минути и 27 секунди на полумаратонот.

Според него, патеката е рамна, има предобра организација, но поради топлото време е тешко е да се направи личен рекорд на Скопскиот маратон.

Богдан Цветковски е првиот победник на Скопскиот маратон, во трката на пет километри.

„Лани земав прво место, а оваа година ја одбранив титулата. И ова година беше потешко доста, имаше поголемам конкуренцијата“, рече Цветковски. Додаде дека оваа година во трката на пет километри имало 7.000 учесници. Неговото време е 17 минути, 25-6 секунди.

Трката на пет километри беше најмасовна. Кај машките натпреварувачи први беа Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.

Во трката на пет километри учествуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски кој изјави дека манифестацијата била одлично организирана и масовна.

„Ова е најмасовниот настан што се случува во Скопје годинава и се надевам дека 2019 овој маратон ќе биде уште помасовен“, рече Каевски.

Во трката учествуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски.

реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе