Важно е симптомите да се препознаат навреме за да може терапијата да биде поуспешна.
Ракот на грлото (карцином на гркланот) е малигнен тумор кој настанува кога се појавуваат малигни тумор клетки и почнуваат да се развиваат во ткивото на грлото, кои почнуваат да го уништуваат тоа ткиво.
Името грло е поширок термин за долниот дел на респираторно-дигестивниот тракт кој се состои од фаринксот и гркланот. Во гркланот има гласни жици кои вибрираат под влијание на воздушната струја од белите дробови, што доведува до создавање на глас. Вака создадениот глас добива облик во грлото, устата и носот (артикулација и резонанца), што доведува до создавање на конечен и препознатлив говор, својствен за човекот.
Мажите страдаат од рак на грлото речиси двојно почесто од жените. Пациентите најчесто се средовечни и постари луѓе (помеѓу 50 и 70 години).
Во многу случаи на рак, појавата на раните симптоми отсуствува, па затоа примарно е да ги знаеме и навреме да ги препознаеме симптомите, колку и да се суптилни. Експертите предупредуваат дека постои изненадувачки симптом кој може да им помогне на лекарите да го откријат ракот во рана фаза, а се јавува кога зборувате. Тежината на симптомите може да се разликува од пациент до пациент, но зависи и од фазата на развој на ракот. Лекарите често наведуваат 4 фази на развој на болеста, а симптомите може да се променат во зависност од стадиумот.
Симптоми на рак на грлото во рана фаза
Може да зависат и од тоа каде е ракот во грлото, а лекарите ги истакнуваат овие како први симптоми:
- Промени во говорот: Лицето може да зборува потивко или рапаво и може да има потешкотии да изговара одредени зборови.
- Засипнатост: Овој симптом се јавува кога зборувате и ако трае долго може да биде симптом на рак и е најчестиот ран симптом на рак на грлото.
- Тешкотии при голтање: Некои ќе почувствуваат чувство на печење или болка при голтање, а може да предизвикува чувство дека имате храна заглавена во грлото.
Симптоми на напредна фаза на рак на грлото
Кога ќе се појави оваа фаза на болеста, може да се појават следниве симптоми:
- Грутка на вратот: Ги открива отечените лимфни јазли.
- Губење на тежината: може да биде поврзано со тешкотиите при голтање.
- Тешкотии со дишењето: Ако ракот на грлото ги блокира дишните патишта, тоа може да го отежне дишењето.
Пациент со рак на грлото може да ги забележи и овие симптоми:
- Тешкотии при движење
- Лош здив
- Воспаление на респираторниот тракт
- Бели дамки на јазикот
- Постојана кашлица
- Крварење од носот
- Главоболки
- Болка во увото, иако ретко
Можно е овие симптоми да се појават и кај други болести, па затоа првиот чекор е да посетите лекар за преглед доколку се појави некој од горенаведените симптоми и не исчезнува.
Претходните истражувања несомнено докажаа дека ризикот од развој на рак на грлото значително се зголемува поради:
- пушење тутун и консумирање алкохолни пијалоци (заедничкото дејство на овие два фактори на ризик е особено опасно)
- неправилна исхрана (храна сиромашна со протеини, витамини и минерали)
- намалена отпорност на телото и ослабен имунолошки систем, изложеност на штетни хемикалии и супстанции (бои, лакови, прашина, чад)
- гастроезофагеален рефлукс