Демократски сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Макфакс
/ 01.02.2024 / 13:55

Во врска со демантот на Уставниот суд за измените на Кривичниот законик и ставовите на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, од оваа партија ги презентираат следните факти:

„Прво, на 06.09.2023 година Собранието на Република Македонија ги донесе измените на Кривичниот законик, со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување и се декриминализира кривичното дело поврзано со јавните набавки.

Измените на законот беа објавени во Службен весник на РСМ бр. 188/23 од 07.09.2023 година.

Второ, Павле Трајанов на 19.09.2023 година до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на измените на Кривичниот законик дали се во согласност со Уставот.

Трето, Уставниот суд досега не го информирал подносителот на иницијативата за тоа дали постапил, дали е прифатена иницијативата, дали има донесено привремена мерка итн.

Четврто, измените на Кривичниот законик се применуваа, при што голем број носители на јавни функции, кои ја злоупотребиле службената положба за кои се води кривична постапка, се ослободени, а над 200 други функционери или службени лица исто така ќе бидат ослободени“.

Демократскиот сојуз и претседателот на партијата со своите ставови и иницијативата до Уставниот суд укажаа, како што потсетуваат, на штетните последици од донесувањето и примената на измените на Кривичниот законик, измени со кои се урива владеењето на правото.

„Ние зборуваме за суштината на иницијативата, а не за формално-правните аспекти.

Нашите очекувања беа и се Уставниот суд да донесе одлука за одложување на примената на измените на Кривичниот законик и донесување одлука со која ќе ја укине нивната примена“, потенцираат од Демократскиот сојуз.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе