Денешните 14-годишници во Британија никогаш нема да можат легално да купат цигари

Британскиот премиер Риши Сунак денеска објави дека има намера да ја продолжи забраната за цигари за постепено да ја направи Велика Британија земја без тутун, како и предлог за бонуси на наставниците и ветување за идни даночни намалувања.

„Предлагам во иднина да ја зголемуваме (законската) возраст за продажба на цигари за една година секоја година“, рече лидерот на конзервативците за време на говорот на конгресот на неговата партија во Манчестер.

„Ова значи дека на денешното 14-годишно дете никогаш нема законски да му се продаваат цигари“, рече тој, мислејќи на идната „генерација без тутун“. Според предлогот претставен од Сунак, старосната граница за забрана ќе се зголемува за една година секоја година, што би значело дека младите ќе растат без тутун, што во целина би ја подобрило здравствената состојба на нацијата.

Во моментов, дозволената возраст за купување цигари во ОК е 18 години. Но, четворица од пет пушачи почнале пред да наполнат 20 години, рече Сунак.

„Се обидуваме да ги спречиме тинејџерите да почнат да пушат. Ова би можело да овозможи речиси целосно да се елиминира пушењето кај младите уште во 2040 година“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Бонуси за наставниците

Употребата на тутун е водечка причина за смрт што може да се спречи во Велика Британија, се вели во соопштението. Предизвикува приближно една од четири смртни случаи од рак. Трошоците направени, особено за здравствениот систем, „се 17 милијарди фунти секоја година“, или речиси 20 милијарди евра.

Предложените мерки се слични на оние кои минатата година ги објави Нов Зеланд, која стана првата земја која забрани купување цигари на генерацијата родени по 1 јануари 2009 година. Забраната ќе стапи на сила во 2027 година. Сунак, исто така, наведе голем број планирани промени во образовниот систем, вклучувајќи бонус без данок до 30.000 фунти за привлекување наставници по клучните училишни предмети.

„Денес можам да објавам, за да привлечам и задржам повеќе наставници, дека оние кои предаваат клучни предмети во училиштата, и за прв пат во нашите колеџи, ќе добијат специјални бонуси до 30.000 фунти без данок за првите пет години од нивната кариера“, рече тој.

Проектот HS2 се напушта

Сунак, исто така, вети дека ќе ги намали даноците штом инфлацијата ќе биде под контрола, по зголемената загриженост меѓу членовите на Конзервативната партија за зголемување на даноците поради пандемијата на COVID-19. Во текот на оваа година, Сунак и неговиот министер за финансии Џереми Хант рекоа дека нивниот приоритет е да се преполови инфлацијата - која достигна 41-годишен максимум од 11,1 отсто во октомври 2022 година.

Но, намалувањето на даноците би претставувало ризик за постигнување на таа цел. Сепак, многу членови на партијата се нетрпеливи за даночните намалувања, пред изборите кои најверојатно ќе се одржат следната година, особено кога конзервативците ја следат опозициската Лабуристичка партија на анкетите.

Британскиот премиер најави и дека се откажува од продолжувањето на големиот инфраструктурен проект - линијата за брз воз што ќе го олесни пристапот до северот на земјата, но чии трошоци нагло се зголемија.

„Го откажувам остатокот од проектот HS2“, рече лидерот на конзервативците.

„Наместо тоа, ние ќе го реинвестираме секој денар, 36 милијарди фунти (41 милијарди евра) во стотици нови транспортни проекти“, вети тој.

„Она што навистина ни треба е подобри транспортни врски на север“ и тоа „ќе биде наш приоритет“. HS2 (High Speed ​​2), вториот проект за брз воз во Обединетото Кралство по оној што го донесе Еуростар до тунелот под Ла Манш (HS1), првично беше наменет да го поврзе британскиот главен град со Бирмингем , потоа со Манчестер и Лидс. Но, по Бирмингем ќе престане.

Тагови
реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Свет

Хезболах: Не нè интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Read more

Германија и Украина потпишаа воени договори 

Read more

Кина му се закани на Трамп

Read more

Крај на еден од најпознатите грабежи во Европа

Read more
 

Вести

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Читај повеќе

Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица

Читај повеќе

Меџити: Почнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Читај повеќе

Хезболах: Не нè интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Читај повеќе

Германија и Украина потпишаа воени договори 

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Ако Груевски се појави во Македонија ќе биде упатен в затвор

Читај повеќе

Унгарскиот форинт вртоглаво расте по поразот на Орбан

Читај повеќе

Од полноќ поевтинуваат горивата

Читај повеќе

Кина му се закани на Трамп

Читај повеќе