Десет музички ѕвезди за главната вечер на јубилејниот 25-ти Таксират

Таксират, македонскиот најпосетен алтернативен музички фестивал, годинава прославува јубилејно 25-то издание. Овој голем јубилеј, најголемиот зимски урбан музички фестивал во Југоисточна Европа, го одбележува со многубројни концерти и настани, а ја најави и програмата за финалната вечер, со која на 7 декември ќе биде заокружена прославата четврт век Таксират во Скопје.

Главната вечер годинава ги собира Таксират-резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите што дефинираа жанрови, но и станаа белег на Таксират, или уште поважно, екипата што на моменти одигра значајна улога во опстојувањето на фестивалот. На 3 сцени, кои ќе бидат поставени во скопската арена „Борис Трајковски“ со настапи на 10 музички ѕвезди, на главната вечер збирно место ќе има и новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена.

А таа на Таксират годинава пристигнува од Франција со психоделично-ориенталниот електронски звук на „ACID ARAB“ (Ејсид Араб), парискиот музички колектив познат како транскултурен еклектичен спој на музичките стилови од целиот свет. Покрај нив, жанровската фузија во единствен уникатен звук ќе ни ја претстави и извонредниот DUB FX (Даб еф-икс), австралискиот музичар, визионер, уличен уметник и општествен активист, кој на Таксират ќе го промовира новиот долгоочекуван албум „Infinite Reflection“ и, како што самиот нагласува, ќе ја претстави новата димензија на своите концертни настапи.

Главната вечер на Таксират е резервирана и за едни од најпочитуваните балкански изведувачи со убедливо најуспешни интернационални кариери, соработници и големи пријатели на организаторот Пасворд продукција и музички уметници, кои се заслужни за најмасовните и за најенергичните настапи кај нас. Тука спаѓа еден од најдобрите бендови од регионот, „Dubioza kolektiv“, секогаш импресивната екипа која ги освои најголемите светски фестивали и повеќе од 20 години соборува рекорди со огромен број меѓународни концерти преку кои ја имаат освоено публиката од секој дел на планетата. Од македонската сцена, пак, тоа е маестралниот Кирил Џајковски, зачетникот на глобалниот феномен познат како Балкан бит, кој со своето повеќе од 20-годишно творештво се запиша на самиот врв на најценетите музички уметници од Југоисточна Европа.

Покрај Кирил Џајковски, домашната сцена ќе ја претставуваат уште две легендарни имиња, кои се гордост на македонската музичка алтернатива, „SMUT“ (Смат), основоположниците на метал-кор музиката во Македонија и регионот, како и „СТРАЈК“, неприкосновеното рап-име од скопската андерграунд-школа.

Од регионот, покрај „Dubioza kolektiv“ и претходно најавените „LET 3“ од Хрватска, на главната вечер ќе настапат и S.A.R.S., алтернативната рок-група, која со иновативниот музички израз си го заслужи своето место како еден од најатрактивните изведувачи на регионалната музичката сцена, како и Смоке Мардељано, неприкосновен претставник на бунтовната генерација од белградскиот хипхоп, но и Мими Мерцедес, една од првите и најистакнати раперки од српската музичка сцена.

Првото издание на Таксират се одржа во далечната 1999 година. Приказната на скопските таксиратлии почна од Младинскиот културен центар и преку изминатите изданија ги надживеа и ги обележа со култни концерти, „Сајмиште“, „Метрополис арената“ и дополнителните хали, низа концертни простори насекаде во Скопје и Таксират сè уште е тука!

Годинава, јубилејното 25-то издание се одржува со програма која вкупно брои повеќе од 60 концерти и настапи на разни локации во Скопје, а која ќе биде заокружена со финалната прослава и настапите на овие 10 музички ѕвезди во една главна вечер, на 7 декември, во арената „Борис Трајковски“.

Билетите за главната вечер на Таксират се веќе пуштени во продажба со најповолната супер промотивна цена од 700 денари, резервирана за најбрзите 1.000 купувачи во продажната мрежа на МК тикетс.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)
Тагови
реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

МК сцена

По шести пат во Битола метал фестивалот Metal Discharge

Read more

Добив втора шанса за живот: Се огласи повредениот гитарист на ДНК

Read more

Прв акустичен концерт на Д.Н.О. по 20 години

Read more

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џулија Робертс за филмот кој го смета за најлош во кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за The Pickup  - акциона комедија со Еди Марфи и Пит Дејвидсон

Читај повеќе

Новиот трилер со Метју Меконахи е базиран на вистински настани

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз стана Гинисов рекордер со Mission: Impossible 8

Читај повеќе

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Mountainhead е одличен филм: Од кога ни е тешко да „свариме“ сатира?

Читај повеќе

Џеки Чен откри како успеал да научи англиски: На почетокот ништо не разбирав

Читај повеќе