Дескоска: Не е нарушена безбедноста на прислушуваните материјали во зградата на СЈО

Скопје, 21 септември 2019 (МИА) – Министерката за правда Рената Дескоска, вели дека не е нарушена безбедноста на прислушуваните материјали во зградата на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи републичкиот јавен обвинител ја презеде надлежноста и тој сега ја има формално грижата за тие материјали, во истиот сеф како што стоеле и досега.

-Јавното обвинителство кај нас е поставено хиерархиски. Согласно постојниот Закон за Јавното обвинителство, а тоа не беше сменето ниту во предлозите кои ги пуштивме во Собрание, републичкиот јавен обвинител има право да делегира предмети на конкретни јавни обвинители. Тоа не е нешто што тој прват го прави, тоа се случувало и во минатото додека бил републички обвинител Зврлевски и во други случаи. Тие ги водат предметите по доделување на републичкиот обвинител, изјави  Дескоска во емисијата „360 степени“  на Телевизија Алсат.

Според Дескоска, не е спорно од правен аспект тоа што обвинителите се сместени во истата зграда на СЈО.

-Колку што знам тоа е зграда која што е доделена на СЈО, во орган во рамките на ЈО. Тоа е зграда во којашто се сместени обвинителите, во која што се наоѓаат предметите формално, материјалите, така што од тој аспект не станува збор за правно прашање, дека е нешто спорно од правен аспект, туку од практичен аспект веројатно одлучил обвинителот на тој начин да продолжат работите и тоа е апсолутно ирелевантно, заклучи Дескоска.

Што се однесува до платите на вработените во СЈО, Дескоска вели дека се подготвени измени на Законот за јавнообвинителски службеници.

-Кога се формираше СЈО, се додаде нова глава во Законот за јавнообвинителските службеници, којшто го регулира статусот и правата на овие лица. Ставивме одредба дека покрај специјалниот јавен обвинител доколку не е избран, републичкиот обвинител одлучува за статусните права, за другите права на овие вработени, потенцираше Дескоска.

Во однос на вработувањата по роднински и блиски врски во СЈО, Дескоска истакна дека дел од таа информација е невистинита и веќе била демантирана.

-Беше споменат Игор Милев, дека негов син работи во СЈО – тој воопшто нема син. Ме спомнаа мене дека маж на некоја моја братучетка била вработена во СЈО, јас ви кажувам дека тој не е вработен во СЈО, туку е вработен во МВР уште кога јас сум била студентка, потенцираше Дескоска.

Таа дополни дека во дел од случаите, дека се вработени лица кои се деца на судии и обвинители, тоа не е уникатна ситуација во СЈО, но посочи дека треба да се бара начин да се спречи влезот. Таа, како што рече, би била задоволна доколку ДКСК по допрен глас или по пријава ги истражи овие случаи.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе