Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Одделот за криминалистичка полиција преземаше предистражни дејствија и во координација со СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.Р., директорка на детска градинка во скопска општина и против поранешен градоначалник на една скопска општина за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“ од чл. 353 од КЗ.

„Имено, првопријавената М.Р., како директор на детска градинка на 12.05.2021, по објавен оглас за јавна набавка на стоки – електрична опрема за детска градинка – две машини за перење на алишта, со пречекорување на своите службени овластувања, знаејќи дека максималниот износ на набавката требало да биде во вредност од 1.300.000,00 денари без ДДВ, кои средства требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на договорниот орган, како најповолен понудувач избрала правно лице од Скопје, иако понудило цена во износ од 1.329.800,00 денари без ДДВ, за што донела и Одлука за обезбедување на дополнителни средства и изменување на одлуката за јавната набавка, со кое склучила Договор за јавна набавка на вкупен износ од 1.569.164,00 денари со вклучен ДДВ, иако од истото правно лице не била доставена банкарска гаранција со самото склучување на договорот во износ од 156.916,00 денари, кој исто така не го испочитувал рокот за достава и набавените машини и наместо за 15 дена ги доставил со задоцнување од околу 150 дена од склучувањето на договорот, по што првопријавената М.Р. со неизвршување на своите службени овластувања, наместо да го раскине склучениот договор со избраниот понудувач, да активира негативна референца во е-системот на Бирото за јавни набавки и да поведе постапка за наплата на договорената казна во износ од 81.596,00 денари, таа не го направила тоа“, извести МВР.

„Второпријавениот како градоначалник на една скопска општина со пречекорување на своите службени овластувања, иако знаел дека средствата за плаќање на машините требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на градинката, извршил промена со проширување на буџетот на општината во делот дотации во износ од 1.534.000,00 денари, и истите на 29.11.2021 ги префрлил на сметката на градинката, кои парични средства од страна на првопријаваната М.Р. истиот ден биле платени кон избраниот понудувач, додека на 22.12.2021 година извршила плаќање на средства во износ од 35.164,00 денари од сопствената сметка на градинката, на кој начин првопријаваната и второпријавениот го оштетиле буџетот на општината за износ од 1.534.000,00 денари, додека првопријавената го оштетила буџетот на градинката во износ од 273.676,00 денари како ненаплатена банкарска гаранција и договорена казна и исплатените парични средства од сопствената сметка, на кој начин му овозможиле на правното лице од Скопје да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1.807.676,00 денари“, соопшти МВР.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Хроника

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе