Детали од обвинението против Трамп: Завет на молчење, вонбрачно дете и пари за порно актерка

МАКФАКС
/ 05.04.2023 / 08:48

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, првиот во историјата обвинет за кривично дело, со мрачно лице пред судот изјави дека не се смета за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни сметки, за што го обвинува обвинителството во Њујорк.

Секоја од 34-те точки се однесува на посебна сметка на Организацијата „Трамп“ дека постои основано сомневање дека е лажна.

Иако зборот „заговор“ не е спомнат ниту еднаш на 16-те страници од документот, обвинителот Брег се обиде да пренесе како Трамп и неговите најблиски соработници смислиле шема за да се обидат да влијаат на исходот на претседателските избори во 2016 година.

„ Поранешниот претседател фалсификуваше деловни книги во Њујорк и ги принудуваше и другите да лажат. Тој тврдеше дека му платил на својот поранешен адвокат Мајкл Коен за правни услуги во 2017 година, но тоа „едноставно не е точно“. Девет месеци по ред, тој држел документи кои содржеле клучна лага и лично ги потпишал чековите со кои му плаќал на Коен. Имајте предвид, ова не е еден документ, туку 34 документи“, рече обвинителот Алвин Брег.

Тој рече дека Трамп им плаќал на луѓето кои тврделе дека имаат некои негативни информации за него.

„ Само две недели пред претседателските избори, Коен испрати 130.000 долари на адвокатот на Сторми Даниелс. Тоа кажува се“, рече Брег и спомена само една од трите плаќања за „молк“, но во обвинението се споменуваат повеќе.

Наводно, American Media Inc. платила 30.000 долари на поранешен чувар на „Трамп Тауер“, кој тврдел дека има приказна за вонбрачното дете на Трамп. Наводно ѝ платиле 150.000 долари на американската Плејбој манекенка Карен Мекдугал која имала сексуална врска со Трамп.

Откако Трамп му наложи на својот адвокат да го отплати AMI во готово, специјалниот советник му рече дека плаќањето треба да го изврши преку лажна компанија а не во готово. AMI на крајот одби да ја прифати таксата.

Уште 130.000 долари и припаднаа на порно актерката Сторми Даниелс за да ја премолчи нивната врска. Наводно, Даниелс била платена 12 дена пред претседателските избори.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе