Девет нови случаи со COVID-19 се ргистрирани во последните 24 часа од направени 3.239 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Оздравени пациенти се регистрирани 13 и три починати лица.
Новите случаи со COVDI-19 според податоците од Министерството за здравство, се по тројца во Скопје и Кичево, а во Битола, Штип и Дебар по еден.
Од 13 – те оздравени пациенти од Куманово – 4, Скопје – 3, Виница – 2, Прилеп, Тетово, Штип и Кичево – по 1.
Починатите лица се две од Скопје на 86 и 70 години и едно лице од Тетово на 65 години. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Од 3.239 тестови преку ИЈЗ се направени 484, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово–33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-9, ГОБ 8 Септември-3, Институт за микробиологија–15, МАНУ-23, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Авицена-438, Биотек-210, Систина-131, лабораторија Лаор-153, Синлаб-17, Ремедика-19, Плодност–44, Генеа–6, Никоб лаб-416, ВФВ Медикал-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 945.
Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233.