Девојчиња во Авганистан уапсени и натепани оти се шминкале и учеле англиски

Макфакс
/ 10.01.2024 / 15:14

Шестнаесетгодишни девојчиња беа уапсени во главниот град на Авганистан, Кабул, минатата недела поради, како што се наведува, кршење на правилата за хиџаб на талибанците, пишува The Guardian.

Девојчињата, кои беа уапсени во трговски центри, училници и на улични пазари, беа обвинети за „ширење лошо влијание и охрабрување на другите несоодветно да носат хиџаб“, како и за шминкање.

По преземањето на власта во Авганистан во август 2021 година, талибанците дополнително го ограничија пристапот на жените до образованието, вработувањето и јавните простори. Во мај 2022 година тие декретираа дека жените мора да се покриваат од глава до петици откривајќи ги само очите.

Девојче изјавило дека талибанците ја уапсиле заедно со уште неколку девојчиња на час по англиски јазик и ја одвлекле во полициски камион. Таа сведочеше дека им се спротивставиле на мажите и одбиле да одат, биле тепани, а таа била удирана додека се обидувала да објасни. Татко ѝ подоцна бил жестоко претепан поради „одгледување неморални девојчиња“.

„Облеката ми беше чиста“, рече Лале. „Но, тие, сепак, ме тепаа инсистирајќи дека мојата облека не е соодветна. За време на двата дена притвор слушнала навреди од талибанците, кои постојано ги пцуеле како неверници, дека учат англиски и дека сакаат да заминат во странство.

По интервенција на локалните старешини, била пуштена на слобода и морала да потпише документ со кој се обврзувала да не излегува од дома без задолжително покривање на главата. Исто така, ѝ е забрането да посетува часови по англиски јазик.

„Ми беше забрането да одам на училиште кога талибанците ја презедоа власта во 2021 година, а сега не можам да одам ниту на приватни часови“, рече таа. „Нема ништо во мојата иднина, освен да останам дома и да се омажам“.

„Видов како татко ми го тепаа бидејќи одев на курс по англиски јазик. Кога ги видов неговите фотографии по враќањето дома, се плашев дека ќе го изгубам. По ова, немам повеќе мотив да учам. Не сакам да го доживеам ова повторно“.

Забихула Муџахид, портпарол на талибанците, само рече дека таквите апсења „не се вообичаена практика“.

Притворите доаѓаат помалку од една недела откако Советот за безбедност на ОН побара специјален пратеник да работи со талибанците, особено за правата на жените. Талибанците го отфрлија овој предлог тврдејќи дека тоа само ќе ја комплицира ситуацијата со наметнување надворешни решенија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе