ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

ДИК ги објави конечните резултати од вториот изборен круг

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти конечните резултати од вториот изборен круг на Локалните избори 2021.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на денешната прес-конференција, информира дека со изгласување на предлог заклучокот за известување за Конечност на резултати од гласањето за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, по одржан втор круг на гласање на 31 октомври, градоначалници се избрани во:

Арачиново – Ридван Ибраими од ДУИ

Битола – Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ

Боговиње – Бесник Емши од ДУИ

Василево – Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ

Вевчани – Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ

Врапчиште – Исен Шабани од Алијанса и Алтернатива

Гевгелија – Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ

Гостивар – Арбен Таравари од Алијанса и Алтернатива

Дебарца – Зоран Ногачески од ВМРО-ДПМНЕ

Демир Капија – Лазар Петров од СДСМ

Демир Хисар – Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ

Долнени – Урим Ибески од ДУИ

Зелениково – Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ

Карпош – Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Кичево – Фатмир Дехари од ДУИ

Кратово – Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

Куманово – Максим Димитриевски - независен

Лозово – Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ

Македонска Каменица – Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ

Македонски Брод – Жарко Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ

Ново Село – Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ

Охрид – Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ

Пехчево – Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ

Радовиш – Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ

Ранковце – Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ

Ресен – Јован Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ

Росоман – Стојан Николов од СДСМ

Струга – Рамиз Мерко од ДУИ

Теарце – Нухи Незири од ДУИ

Тетово – Билал Касами од Беса

Центар – Горан Герасимовски од СДСМ

Чаир – Висар Ганиу од ДУИ

Чашка – Горан Стојановски од СДСМ

Чучер-Сандево – Сашко Комненовиќ од СДСМ

Град Скопје – Данела Арсовска - независна

Приговори за гласање по листи на кандидати за градоначалници до ДИК, како што информираше Даштевски на денешната прес-конференција, има за општините Кочани, Старо Нагоричане, Конче, Шуто Оризари, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Студеничани, Желино и Брвеница.

– Во општините 1 и 2 од овој заклучок Општинските изборни комисии да постапат согласно член 136, став 3 од Изборниот законик и веднаш да ги објават конечните резултати од гласањето одржано на 31 октомври 2021 година, а во рок од 24 часа од објавувањето да ја известат ДИК, заради потребата конечните резултати од вториот круг да се објават на веб-страницата. Во општините по точка 3 од овој заклучок Општинските изборни комисии треба да ја почекаат конечната одлука во постапката по поднесените приговори, изјави Даштевски.

ДИК, исто така, ја потврди конечноста на резултатите за избор на градоначалник во Општина Дебар, по одржаното гласање на 31 октомври, по спроведената постапка за прегласување на првиот изборен круг.

– Втор изборен круг ќе се одржи на 14 ноември 2021 година и ќе се гласа за Хекуран Дука од ДУИ и Беким Поцеста од Алијанса и Алтернатива, информира Даштевски.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе